Храбро девојче ја избричило главата во знак на солидарност со помалата сестричка

хана во моментот кога ја бричи главата

Храбрата Хана на дело покажа што значи солидарност. Пред 2 години помалата сестричка Натали заболела од рак (лимфобластична леукемија). Хана, која тогаш имала само 5 години, постоано и била столб на подршка низ нејзините битки. Мајката вели дека Хана се прилагодила на се и прифатила се. Таа се сеќава на случката кога за прв пат Натали повратила крв, а во исто време и течела крв од носот:

Хана, која имаше само 5 години, наместо да плаче заедно со Натали и да биде целосно избезумена, таа и ја држеше раката на Натали близу до мене, ја галеше по главата и постојано и повторуваше: Во ред е слатко девојче, мама е тука со тебе.

Сега кога Натали завршила со хемотерапијата и е во ремисија, Хана решила да направи нешто за да ја подржи својата мала сестричка. Минатата недела ја избричила главата и ја донирала косата на здружението "Перики за деца", за помош на децата болни од рак.

Хана вели:

Ова е еден од начините на кои можам да им помогнам на децата кои имаат рак и да ги инспирирам да бидат храбри.

Мајката вели дека се чувстува горда што Хана постојано прави работи за да им помогне на другите и да ги направи среќни, но ова едноставно ја погодило. Таа и нејзиниот сопруг ја подржале нивната ќерка во нејзината желба, но сметале дека треба да ја предупредат дека другите деца на училиште можеби нема да можат да разберат зошто ја избричила главата и дека можеби ќе ја задеваат заради различниот изглед. На тоа Хана брзо одговорила:

Не ми е грижа. Убава сум токму оваква, каква што сум.

Кога дошол денот за Хана да се откаже од косата, малата Натали на почетокот ја фатила мала паника и почнала да плаче затоа што не сакала да и ја земат косата на Хана. Но тогаш фризерката и понудила и таа да пресече малку од косата. Откако со машинката самата симнала неколку локни, Натали се смирила, но земала малку од падната коса за да ја чува дома.

Мајката вели дека сега постојано ја гали Хана по главата и вели дека сега Хана изгледа како што изгледаше таа кога немаше коса.

 

двете сестрички во прегратка



Андреа вели дека двете нејзини ќерки покажале исклучителна издржливост:

Како родители постојано слушаме дека децата се поцврсти од што мислиме, но не можете навистина да го разберете значењето на таа фраза се додека семејството не е фрлено во нешто, што изгледа како невозможна ситуација... децата се толку посилни од нас, а исто така и попаметни!

Иако родителите биле загрижени дека децата ќе ја задеваат Хана заради новиот изглед, тоа не се случило. Напротив, кога влегла во училницата била пречекана со аплауз.