Мајка ја тужи болницата откако на скрининг и рекле да абортира здраво бебе

На скринингот во 24-та недела на Сара и кажале дека мозокот на бебето не се развил како што треба, дека има само едно око и нема шанси да преживее. Лекарите ја советувале да земе апчиња кои ќе предизвикаат прекин на бременоста, но тие немале ефект. Потоа и рекле дека треба веднаш да ја породат. Но на запрепастување на сите, кога се родил Аарон тој дишел и клоцал.

Заради толку раното породување Аарон добил низа на здравствени проблеми, вклучително хронични проблеми со белите дробови и циста на мозокот.


Сара вели:

Ако ми беше дозволено да ја продолжам бременоста сигурна сум дека тој немаше да ги има овие проблеми.

Аарон сега има 15 месеци и неговиот мозок е како мозокот на било кое бебе на негова возраст.

Кога ќе го погледнам не можам да поверувам што можеше да се случи заради нечија претпоставка базирана на скринингот.

Сакам сите мајки да слушнат за мојата приказна, за да не се случи повторно нешто овакво.

Кога ми кажаа дека неговиот мозок не се развива јас прснав во плач. Мојата мајка праша дали бебето ќе преживе и и кажаа дека нема никакви шанси за преживување.

Ми рекоа дека можам да земам апчиња за да ја прекинам бременоста или да ме пратат во болница каде ќе го сопрат срцето на бебето.


Сара имала една ноќ за да донесе одлука и решила да ги земе апчињата.

Сринингот бил на 4 мај минатата година.

Сега вели:

Секојдневно ми се крши срцето кога ќе го погледнам мојот син и ќе се сетам дека речиси се ослободнив од него.

Ги земав апчињата затоа што верував дека прекинот на бременоста е единствено решение. Ми кажаа дека потоа ќе извршат аутропсија за да откријат што се случило
.

На 9 Мај Сара повторно била примена во болница затоа што апчињата не делувале. Откако ја прегледале и рекле дека ќе ја породат. Ааарон се родил следниот ден.

Тој добил речиси фатална инфекција и имал проблеми со срцето. Речиси после 2 месеци поминати на неонаталниот оддел почнал да покажува знаци на подобрување.

Сега Аарон има 15 месеци, на сликата е со неговата мајка



Од болницата  Sunderland Royal Hospital не сакаат да коментираат за поднесената тужба.