Мајка му пее на бебето, кое за малку ќе го абортирала

раѓањето на ќеркичката

Kimberly Henderson е поранешна натпреварувачка на Амерички идол. Таа пред една недела реши на Фејсбук да ја сподели својата емотивна приказна за раѓањето на нејзината втора ќеркичка и нејзината борба со мислите за тешкотиите кои ја чекале. Таа објаснува:

Пред две години на денешен ден седев во клиника за абортус, размислувајки дека раѓањето на Ваида не беше добро за мене. Овој датум е засекогаш врежан во мојот мозок.... Мислам дека тоа беше Божјиот начин да ми покаже дека Неговиот план ќе биде секогаш подобар и поголем, отколку се што некогаш сум знаела.

Донесов одлука. Моето момче ме изневеруваше. Имам мали деца, што ќе мислат луѓето? Цело време си велев сама на себе дека сум оставена сама и дека морам да го направам ова. Седејки таму... едвај можев да проговорам низ солзите.

Тој ден изгледаше како се да тргна наопаку во светот.

Кимберли објаснува дека нејзината постара ќеркичка тој ден се разболела. Нејзиниот автомобил на пат накај клиниката за абортус се расипал и таа задоцнила на закажаното. Тогаш таа почнала да се прашува дали Бог и дава знаци за да не го направи тоа. Кога била повикана да влезе внатре, од паричникот и испаднала картичка, која претходно ја оставил еден пар на масата, која таа послужувала. На картичката го пишувало името на нивната црква, а на позадината познатиот Библиски стих:

Немој да се плашиш, бидејки Јас сум со тебе. Немој да се обесхрабруваш, затоа што Јас Сум твој Бог. Ќе се зајакнам и ќе ти помогнам. Ќе ти помогнам со Мојата победничка десна рака. (Исаија 41:10)

Кимберли вели:

Знаев дека Бог ми зборува.

мајката и ќерката

Во тој силен момент таа донела животна одлука да не го направи абортусот:

И реков на госпоѓата дека се предомислив. Додека излегував, една млада девојка, веројатно не постара од 19 г. ми рече: Ќе го направиш ли тоа? И реков дека не можев. Таа одговори: Би сакала да бев храбра како тебе и да го направев истото и објаснуваше дека мора да го стори тоа заради некои сериозни околности. Се свртев и реков: Кога за прв пат ќе го видиш лицето на твоето бебе, ќе ти биде толку мило што си излегла од тука денес!

Плачејки излегов надвор и почувствував како огромен товар да падна од моите плеќи. Без разлика какви се твоите околности, Бог не прави грешки и тој е тука за тебе, продолжува таа.

Месеци подоцна ја родила својата здрава ќеркичка, а пријателите и семејството и пружиле огромна помош. Таа уште вели:

Ова е моето сведоштво... Ќе дозволам да се знае дека не ми е грижа што мислат луѓето. Моите пријатели и семејството ми значат се и го чуваат мојот грб. Дури и ако морав, ова ќе го направев сама. Секојдневно Му благодарам на Бог за нив.

Во Декеври 2014 Кимберли го објави на YouTube видеото на кое се гледа како на својата едногодишна ќеркичка и ја пее песната од Whitney Houston: “How Will I Know”. Видеото постигна огромна гледаност со повеќе од 4 милиони прегледи.

Дополнително таа напиша и своја песна Tiny hearts, инспирирана од нејзината постара ќеркичка, која постигна огромен успех и на петто место на iTunes.