Мајка со трансплантиран бубрег роди трет пар близнаци

9 членото семејство

Тифани и Крис Гудвин од Монтана, станаа родители на третиот пар близнаци Картер и Оливија, со што бројот на нивното семејство се искачи на 9. Тие веќе се родители на 7 годишниот син Мејсон, 5 годишните близнаци Џош и Елиза и 2 годишните идентични близнаци Емилин и Бриел. Не само што шансите за раѓање на трет пар близнаци се 1 спрема милион, во случајов се работи за мајка која имала трансплантација на бубрег.

Тифани вели:


Навистина е хаотично со близнаци, првата година е најтешка, а потоа си играат заедно. Таа вели дека луѓето ги прашуваат дали сите деца се ниви или пак дали завршиле со имањето деца.


Крис вели дека близнаците секој пат биле изненадување, но и дека навистина е среќен заради нив. Тие добиле голема подршка од семејството.

За последниот пар Тифани вели:


Мислевме дека уште едно дете ќе биде супер. Првиот ден кога откривме добив напад на паника, си велев: Боже, ја менуваме колата секогаш кога добиваме дете. Таа во шега додава: Имаме комбе со 8 места и сега Крис не може да се вози со мене.


Нека се живи и здрави!