Не знаела дека забременила и покрај земањето на контрацептиви, родила здрав син на подот во тоеалет

мајката и синот

Ники Кели (24) била на контрацептивни пилули и ниту на крај од паметот не помислила дека е бремена. Таа редовно добивала менструација и немала изразен стомак, ниту симптоми. Кога почнале породилните болки на почетокот мислела дека има менструални грчеви.

Кели го родила синот на подот од тоалетот после само 3 напони.

Таа вечер планирала да се одмори од патот во Шкотска, каде била на посета кај нејзините родители.Кели вели:


Се чувстував малку недобро, мислев дека имам грчеви и решив да се одморам.

Почнав многу често да одам во тоалет, се додека веќе не можев да станам од подот.

Мојот партнер Арон беше на работа и му се јавив 76 пати за пола саат за да дојде дома.

Кога тој стигна можев да го запознаам со синот.

 


Бременоста била шок и за Арон, но тој сега е многу грод татко, вели Кели.

 

синот


Таа уште кажува дека единствено нешто што се променило во нејзината бременост било тоа што веќе не сакала да пие алкохол. Ја носела истата големина на облеката од почетокот на бременоста и немала мачнини.


Бев на подот на тоалетот кога одеднаш почувстував потреба да дадам напон. Три напони подоцна се роди моето бебе.

За среќа тој плачеше, а јас од гледање на ТВ шоуа знаев што треба да правам.

Го завиткав во крпа и ги проверив неговите раце и стопала.

 

 

родителите

Родителите фотографирани само 2 дена пред породувањето


Парот воопшто не бил подготвен за бебето, немале ниту алишта, ниту било што друго. Сестрата на Арон им донела седиште за автомобил за да го земат од болница. Родителите на Кели купиле она што е неопходно за бебето, вклучувајки и креветче. Родителите на Арон купиле пелени и стерилизатор, а кога Кели изглегла од болница веднаш заминала во продавница да купи се друго што е потребно.

 

неочекуваниот син

Таа вели:


Џејмс е најдоброто нешто што некогаш ни се случило. Џејмс е нашето мало чудо.


Родителите живеат кај своите родители, одвоени, во очекување да добијат потврда дека им е прифатена понудата за нивни сопствен дом.