Писмо од мајка до предвремено родените близнаци

близнаците

Megan Szylvian неочувано се породила после само 27 недели од бременоста. На денот кога бил терминот на нивното раѓање, таа на близнаците им напишала писмо, во кое го излева срцето за нив. Наместо да го слават нивното раѓање на тој ден славеле 3 месеци.

Еве извадок од нејзиното писмо:

Многу се молев во тоа време. Претежно се молев, дури преколнував, да не се сеќавате. Се молев да ја заборавите секоја инекција, секоја процедура, секоја епрувета, жица и секоја минута помината сами во оние топли пластични кутии.

Додека ве гледав како растете, почнав да сфаќам дека има неколку работи во овој кошмар што не сакам да ги забравите. Неколку работи за вас што сакам да ги знаете.

1. Вие сте силни

Ве гледав како се борите за здив. Ова не е драматичен начин да кажам дека поминавте низ толку многу работи. Она што мислам дека ги гледав вашите убави очи, со одлучна детерминирана концентрација, додеа ги координиравте вашите мали мускули за да ја притисните дијафрагмата надолу и да земете воздух.

Го гледав олеснуавњето на вашето лице кога воздухот ќе протечеше внатре и ја гледав исцрпеноста кога повторно ќе го испуштевте надвор. Тогаш, гледав како го правите тоа повторно и повторно и повторно... додека вашето тело не научи да влезе во самоодржувачки ритам.

Можеби ќе има време во вашиот живот кога ќе се чувстувате слаби или несоодветни. Ве молам сетете се што бевте способни да постигнете со вашата сопствена волја и сила. Вие сте силни!

2. Вие сте подготвени

Издржавте толку многу во вашите денови на одделот за интезивна нега. Еден ден, гледав како вашата крв беше извлечена од вашата пета, потоа гледав како ви ја менуваа централната линија која одеше од вашите зглобови на рацете до вашето срце, потоа гледав како ви го правеа вториот ехо кардиограм, од вкупно 5.

...

3. Вие сте сакани

Бидејки посетите во одделот за интезивна нега беа оганичени, луѓето ја праќаа нивната љубов и подршка на многу креативни начини.

Вашата тетка често пати ќе оставеше вечера или здрава ужина на нашиот праг. Едната баба ви сплете убави џемпери и играчки, додека другата баба ми праќаше картички - тајмирани така да пристигнуваат на секои неколку дена. Пријателка со која немав зборувано 10 години ви купи авто седишта. Непознати се молеа за вас.

Можеби ќе дојде време во вашиот живот кога ќе се чувстувате недоволни. Ве молам, знајте дека бевте обвиткани со љубов од моментот кога го земавте првиот здив. Бевте сакани уште пред да кажете било што, пред да направите било што. Пред нешто да знете, пред нешто да бидете.
 

мајката во прегратка со едното бебе