Поранешна Олимпијска гимнастичарка раѓа здрава тројка и покрај советите да абортира две бебиња

тројка

Jaime Halsey и нејзиниот сопруг, рагбистот Steve во Октомври добиле радосни вести дека очекуваат тројка. После ултразвукот во 12-та недела ги пратиле кај специјалист, бидејки едното бебе било 25% помало од другите две и тој им рекол дека шансите да преживеат сите бебиња се 50:50. Лекарите исто така ги советувале родителите да абортираат две бебиња за третото да има поголеми шанси да преживее.

Тие решиле да ги задржат сите бебиња.

 

семејството



Тројката се родила минатиот четврток, со минимални компликации. Потоа биле ставени во инубатори и им била пружена дополнителна нега.

Среќната мајка вели:


Пресреќна сум. Го слушнав секое од нив како плаче и можев да ги видам, тоа беше најубавото чувство што сум го доживеала некогаш.



Најмалото бебе тежи 1260 гр.,другите две се по 1380 и 1580 грама.

 

најмалото бебе

Најмалото бебе



На почетокот на годинава, храбрата мајка раскажа за нејзината одлучност да ги роди сите три бебиња:

Други луѓе имаат тројки и јас не бев потготвена да абортирам две здрави бебиња, за да си го олеснам животот.

Мојата првична реакција беше:

Не можам да го направам тоа, ќе ги задржам и ќе продолжам со бременоста во секој случај.

Заедно одлучивме дека ќе им дадеме на сите три бебиња најдобри шанси што можеме, за да дојдат на овој свет.

 

Џејми на натпревар


 

Како што спортот на научи обајцата: Се што ви треба е шанса, позитивност и вера на другите во вашата способност да бидете успешни.

 

 

родителите и ќеркичката


Брачниот пар веќе има двегодишна ќеркичка. Тие почнале да се обидуваат за второ дете кога таа побарала да има сестричка.

Нека се сите живи и здрави!