Вистинско ЧУДО: Мајка преживеала по породувањето 45 минути БЕЗ ПУЛС

мајката и ќерката

Ruby Craupera-Cassimiro (40), од Флорида, била породена со царски рез, но работите се искомплицирале и дошло до истекување на плодова вода во нејзиниот крвотек. Тоа е ретка компликација, но најчесто завршува фатално.

Руби изгубила свест и лекарите 3 часа се бореле залудно да ја вратат, а тогаш исчезнал и пулсот. Срцето на Руби престанало да чука и обидите на лекарите да ја анимираат немале никаков плод. Тие го известиле нејзиното семејтство дека повеќе не можат да направат ништо за неа и ги повикале во операционата сала. Кога сакале да ја прогласат официјално за мртва и да го објават времето на нејзината смрт, нејзиното срце наеднаш почнало да чука - 45 минути откако престанало.

Во целата ситуација чудо е не само што преживала, туку нема оштетување на мозокот, ниту било какви други последици. Мајката и малата ќеркичка се совршена слика на здравје.

Руби сега е дома и се грижи за својата ќерка. Таа вратила во болницата за да и се заблагодари на лекарската екипа, која ја спасила. На средбата во болницата Руби вели:

Не знам зошто ми е дадена оваа прилика, но многу сум благодарна за тоа.

Бог ги имаше вистинските луѓе, на вистинско место.


Лекарите немаат објаснување за закрепнувањето на Руби.

Портапаролот на болницата нејзиното преживување го нарекува "Божја промисла".