Безусловна љубов: Прва средба помеѓу родителите и нивното посвоено бебе

првата средба со посвоената ќеркичка

Може да се најдат многу фотографии од раѓање на бебињата, но фотографката Kristen Prossen сакала да ја овековечи на фотографии првата средба помеѓу родители и посвоено бебе. За тоа и се укажала прилика кога нејзините пријатели David и Sarah Olsen требало за прв пат да ја сретнат својата ќеркичка Тили.

Кристен пишува:


Тоа беше еден од оние посебни моменти во мојот живот. Бев толку привелигирана што можев да гледам како се се одвиваше. Каков совршен пример на безусловна и пожртвувана љубов.


Дејвид и Сара се веќе 10 години во брак и имаат 2 сина: Захарија (6) и Левиј (3) години. Левиј се родил со спина бифида. Заради можноста дефектот да биде присутен и кај третото дете, на родилите им било препорачано да не се обидуваат да го прошират нивното семејство. И покрај тие препораки тие решиле да се обидат, но не дошло до бременост. Тие не можеле да се откажат од својот сон да имаат три деца. Наеднаш, како да се запалила сијалица и Сара почувстувала огромна желба да посвојат дете и така да го комплетеираат своето семејство.

Дејвид вели дека после поминати месеци во молитва, размислување и заеднички разговори, тие решиле да го започнат процесот на посвојување.

Работите брзо се одвивале и дознале дека треба да заминат на Флорида за да си го земат своето бебе. Сара вели:


Знаевме дека нашето семејство сеуште не е комплетно. Знаевме дека сакаме три деца, отсекогаш сакавме три. И нешто во моето срце сеуште не беше завршено.


Дејвид уште вели:


Како Бог да сакаше на овој начин да го комплетираме нашето семејство!
 

чекање во чекалната пред средбата
првата средба
во рацете на мама
среќното семејство
во рацете на тато
среќното семејство
малата Тили
безусловна љубов
со тато