После 8 спонтани абортуси конечно радост

мајката и ќерката

Скршената 38 годишна мајка Stephanie Maundrell-Merritt загубила 8 бебиња во бременоста, за време од 6 години. Спонтаните и се случувале од 9-12 недела од бременоста. Таа решила да се откаже да има деца, но последната година повторно забременила и се охрабрила да собере надеж за уште еден пат. Девет месеци подоцна таа ја родила малата Офелија Хоуп.

Стефани, објаснувајки дека цела бременост ја поминла во страв да не го загуби и ова бебе, вели:

Се што имавме беше надеж - затоа и го дадовме името Хоуп - што значи надеж.

 

мајка и бебе



Беше навистина вистински шок. Поминав 9 месеци во одречување, надевајки се спротивно на надежта. Дури кога се пораѓав станав свесна дека имав бебе.

Стефани има 18 годишен син од претходниот брак. Првиот спонтан го имала со првиот сопруг, а потоа со вториот доживеала уште 7 спонтани абортуси по ред.

Таа вели:

Се помиривме. Немаше да имаме наше дете и се обидувате да продолжите со животот.

Лекарите немале обаснување на спонтаните абортуси, што за Стефани било уште потешко. Во еден момент, веќе престанале да му кажуваат на семејствто што се случува:

Никој не можеше да се израдува за нас, затоа што не можете да се израдувате бидејки го чекате неизбежното. Секогаш цела бременост ја минев во страв.

Забременувањето со Офелија беше чиста случајност.

Сеуште е тешко да поверувам дека станав повторно мама. Не се жалите, едноставно продолжувате. Ме држи будна ноќно време, но воопшто не ми е грижа. Таа може да биде болна, но не ми е грижа - бидејки таа е тука.

 

среќното семејство



Колку и да е темно, секогаш ќе остане надежта дека на крајот од тунелот има светло!