Мајка родила тројка по "религиозно" земање на контрацептивни пилули

тројка

Жена раскажува за нејзиниот целосен шок, откако дознала дека е бремена со тројка и покрај земањето на контрацептиви. Christie Fletcher (22) инсистира дека пилулите ги земала "религиозно", во исто време секој ден.

И покрај тоа, таа зачнала тројка, а веројатноста за да се роди неидентична тројка е 1 спрема 25000 и тоа најчесто се случува кај парови кои се користеле со ин витро.    

Кога Кристи дознала дека носи тројка веќе имала едно 2 годишно синче. Таа вели:

Бев толку шокирана кога дознав дека повторно сум бремена. Внимателно ги пиев контрацептивите и никогаш, ни во милион години не очекував да завршам со тројка.

Кога останала бремена со првото дете, исто така била на хормонална контрацепција, но тогаш не внимавала многу. Откако го родила почнала стриктно да се придржува до земањето на пилулите, според упатството, во исто време, секој ден. Таа вели:

Никогаш ни крај памет не ми дојде дека повторно ќе забременам.

Но, кога почнала да има мачнини и станало јасно дека нешто се случува. Исто така ги почувстувала хормоните и чувството кое го имала во првата бременост:

Но, си реков на себе си, не можам да сум бремена, ги земав моите пилули.

Загрижена направила тест за бременост и останала шокирана од сознанието дека повторно очекува принова.

Кога парот го направил првиот ултразвук шокот бил уште поголем, на мониторот се виделе 3 бебиња. Сестрите се погледнале со насмевка и на нивното лице се гледало неверување. Кристи вели:

Ми рекоа да погледнам на мониторот и јас можев да видам дека имаше 3 бебиња. Само реков, Ох Господе и не можев да верувам - мислев дека е сон.

 

тројката на ултразвук



Бебињата се родиле во осми месец, живи и здрави.

Нивната мајка вели:

Имањето на толку многу бебиња бара навикнување. Сигурно е дека сум зафатена, но го сакам моето големо потомство.

 

сите деца



Таа уште вели дека во иднина нема да се потпира на пилули, туку ќе стави имплант.

Кога комбинираните пилули се земаат совршено, имаат 0,3% неуспех, а со типично земање тој процент изнесува 9. Некои лекарства, како антибиотици и лекарства против епилепсија можат да ја намалат ефикасноста и да ја зголемат стапката на неуспех во спречувањето на бременост.