Љубовта на сестрата: 5 годишно девојче се грижи за помалото болно братче

сестрата и братчето

Џоел Виликнсон има 3 години и прогресивна мускулна дистрофија, болеста полека ги ослабува неговите мускули и лекарите очекуваат во иднина да има потреба од инвалидска количка, како и животен век кој можеби нема да биде поголем од 20 години. Семејството се обидува да му го направи животот што порадосен. Неговата сестичка Фобе има толкава љубов спрема малото братче, таа се грижи за него дома и на училиште.

 

заедничко цртање



Џоел ја добил дијагнозата пред 6 месеци, кога неговите родители приметиле дека има потешкотии во развојот и одењето.

Кога ја чуле веста родителите биле скршени, но одлучиле да внесат што е можно повеќе радост во неговиот живот.

Фобе се грижи за него на секој можен начин, му ги врзува чевлите, му помага да ја облече јакната, му помага при цртањето, игра со него игри кои нема да му бидат напорни, сама ги раскрева играчките по играњето, иако и самата е толку мала.

 

братчето и сестричката во игра

 

Фобе му помага на братчето


Мајката вели дека на Фобе и ја обасниле неговата дијагноза, бидејки тоа било важно да го разбере за да играат игри кои нема да го уморуваат.

Таа уште вели:


Им кажавме да двајцата дека лекарите се обидуваат да пронајдат лек кој ќе помогне.

Фобе отворено им кажува на пријателите дека нема да игра игри, во кои не може да учествува и нејзиното братче.

Тоа што таа го држи на око е такво олесување за мене кога не сум околу нив.


Родителите се надеваат дека науката брзо ќе напредува за да се најде лек за нивниот син, како и стотици други деца кои боледуваат од истата болест.

Мајката вели:


Благодарение на Фобе, Џоел има постојано пријател за играње.

Се трудиме да бидеме позитивни и со помош на Фобе минеме низ ова како семејство.

Често пати таа ќе ги раскрене неговите играчки. Тоа е преслатко, но тој е толку разгален.

 

 

семејството



Таткото вели:


Не можеме со зборови да ја искажеме болката и уништеноста што ни ја предизвикува дијагнозата на Џоел.

Неможноста да му помогнете и да го заштитите вашето дете ја уништува душата.

Единствено што можеме да направиме е да внесеме радост во времето, кое го има.
 

Многу семејства велат дека се погодени од чувството на прифаќање и сила, која ја покажуваат децата кога нивно братче или сестриче станува послабо.

Децата можат да бидат многу заштитнички ориентирани и да се подржуваат едно со друго и често пати ќе изнајдат начини да си играат и да се забавуваат и покрај проблемите со подвижноста.

Бидејки чуда се случуваат и понатаму, ние се надеваме дека и во животот на Џоел ќе се случи истото!