Бебе родено 380 грама, спасено заради чудо!

малата Мадалена

Чудесно спасена - нема друг збор за малото девојче. Пар на ножици буквално го спасиле животот на Maddalena Douse, најмалото преживеано британско бебе.

Во В. Британија лекарите сметат дека тежина од 450 гр е миниум за некое бебе да се смета дека може да се одржи и дека вреди да се вложат екстра херојски напори за да се спаси неговиот живот.

Кога малата Мадалена се родила во 23 недела од бременоста ја измериле и ја ставиле на машина за помош во дишењето. Дури тогаш лекарите забележале дека на вагата на која ја мереле случајно имало оставено пар ножици.

Кога ја измериле по раѓањето, виделе дека тежи точно 450 гр. и вложиле напори за да ја спасат. Кога ги забележале ножиците сфатиле дека бебето тежело само 380 грама.

Таа сега е пуштена од болница и се очекува да израсне во здраво дете и дека нема да има дополнителни компликации.

Нејзините родители, Кејт и Ренато, се благодарни за чудото со ножиците, кое и го спасило животот. Велат дека мислеле дека нема никогаш да си ја донесат дома, но сега се пресреќни со нивното чудо девојче.

Чуда имало и ќе има, никогаш да не ги загубиме верата и надежта!