Што се случило откако на мајка и кажале дека синот не успеал да преживее

majkata i sinot

Kate и David Ogg после три години обиди да зачнат откриле дека очекуваат близнаци. Тие биле воодушевени, а Кејт имала здрава бременост.

Но, во 26-та недела одненадеш таа добила породилни болки и итно била однесена во болница. Кога стасала лекарите и кажале дека синот Џејми не успеал. Тогаш таа го земала во прегратка и го повикала и нејзиниот сопруг да дојде на креветот со неа, таа објаснува:

Сакав што повеќе топлина околу ова бебе, беше толку студен. Го ставив неговото уво на моето срце и плачев и плачев ... Кејт и Дејвид му кажувале на малиот Џејми за плановите кои ги имаат за него и за неговата сестра близначка. Тогаш се случило вистинско ЧУДО: додека го држеле тој почнал да се движи, но лекарите рекле дека тој умира. Родителите не се откажале од него, по некое време ги отворил очите и ја фатил раката на татко си.

Погеднете го видеото, каде мајката ја раскажува приказната за Џејми:

Џејми е вистинско чудо. Не само што бил прогласен за мртов, па ожевеал, туку од неговото раѓање па до сега немал никакви медицински проблеми. Лекарите стравувале дека заради недостаток на кислород во периодот во кој не дишел, би имал како последица церебрална парализа. Но, ништо од тие стравувања не се остварило, Џејми е совршено нормално и здраво момче!

Тој на 25 Март ќе прави 5 години.

Му посакуваме среќен роденден!!!
Случајот ја покрена јавната расправа за важноста на така наречената "кенгур нега" за болните или предвремено родените бебиња, односно контактот кожа со кожа помеѓу родителот и бебето. Бебињата кои се раѓаат со проблеми вообичаено итно се носат на интезивна нега, но кај кенгур негата мајката делува како инкубатор за топлење, стимулирање и хранење на бебето.

Се покажало дека предвремено родените бебиња и бебињата родени со мала телесна тежина кога се со кенгур нега имаат помала стапка на инфекции, помалку сериозни заболувања и намален ризик од хипотермија.