Тинејџерка му помогнала на 11 месечно бебе да почне повторно да дише

Девојката која му помогнала на бебето

Седумнаесет годишната Аби Снодграс од Мисури, пазарела во Волмарт, кога одеднаш неколку штандови понатаму слушнала бука. Кога истрчала видела дека се работи за бебе, кое запрало да дише, а мајката испаничено се обидувала да го врати при свест. Таа вели:

Не личеше на нормално бебе, не личеше дека е жива. И кога видов дека дека никој друг не правеше ништо, прашав дали некој знае да даде вештачно дишење.

Кога не се јавил никој, Аби решила самата да почне да му дава вештачко дишење на бебето, вештина што ја научила само неколку дена претходно на училиште.

Аби уште вели:

Низ умот ми помина една мисла, Што ако ова не успее? Но морав да ја истиснам од умот и да продолжам, бидејки знав дека тоа е тоа што требаше да го направам.

Бебето почнало повторно да дише. А Аби вели дека почувстувала огромно олеснување.

Без нејзиното брзо размислување и храброст бебето можеби немало да прежвее. Семејството на бебето дало изјава за ABC News, во кое и се заблагодарува на Аби:

Ние сме и преблагодарни на младата жена, која и помогна на нашата ќерка. Нашата ќерка е дома и е здрава, не би можеле да бидеме поблагодарни.