Татко принуден да бира помеѓу жената и синот со даунов сидром

малиот Лео

Неколку часа откако се родил малиот Лео во болница во Арменија, на неговиот татко му бил даден ултиматум да одбере помеѓу неговата жена или синот, бидејки за нејзиното семејство неговата состојба била срам. Мајката на Лео се откажала од него и воопшто не сакала ниту да го погледне, ниту пак допре.

На таткото Самуел му бил даден ултиматум, морал да одбере помеѓу жената која ја сакал и синот. Тој вели дека кога му кажале за состојбата на Лео бил шокиран, но никогаш не помислил да го напушти. Тој вели:

Ме однесоа да го видам, го погледнав и реков:

Тој е прекрасен, тој е совршен и апсолутно ќе го задржам.

Тој е најубавото суштество кое некогаш сум го видел.


Кога го земал Лео и го однел да го види неговата мајка, таа му се заканила дека ќе го напушти ако го задржи.

 

таткото и синот



Самуел вели дека кога таму ќе се роди такво бебе, веднаш им кажуваат на родителите дека не мораат да го задржат:

Мојата сопруга веќе имаше донесено одлука, се беше сторено зад мојот грб.

Една недела подоцна, неговата жена поднела барање за развод.

Самуел сега очајнички се обидува да собере финансии за да си замине од Арменија во неговиот роден Нов Зеланд. Тој вели дека се вчудоневидил од подршката, која ја примил од луѓе, од целиот свет. Откако ја отворил страната за донации, за помалку од 24 часа биле собрани 100000 долари.

Донираните финансии, од добрите луѓе, ќе ги употреби за патни трошоци за него и Лео до Оукленд, Нов Зеланд. Со остатокот пак ќе се обиде да му даде на Лео најдобро образование.

 

лео има даунов синдром



Исто така, тој планира дел од финансиите да ги остави во Арменија, на родители кои ги подигаат своите деца со посебни потреби. А освен тоа би сакал да остави донација и на едниственото сиропиталиште во Арменија, кое се грижи за напуштените деца со даунов синдром, како и на организаци кои им помагаат на овие деца.