Види ме сега, Мамо! Рекле дека нема да ја преживее бременоста, но жив и здрав го прославил првиот роденден!

една година

Michelle Moloney била во 18 недела од бременоста кога и пукнал водењакот. Лекарите и кажале дека веројатно во следните десет дена ќе доживее спонтан абортус и дека треба да ја прифати нивната понуда за да предизвикаат породување и прекин на бременоста. За цела среќа, таа одбила и успеала бременоста да ја продолжи уште цели 8 недели.

Кога малиот Мајкл се родил во 26-та недела тежел околу 800 грама. И покрај тоа што бил предвремено роден, тој одлично напредувал, а семејството минатиот четврток го прославило неговиот прв роденден.

 

се родил предвреме



Мишел вели дека нивниот емотивен ролеркостер почнал во јануари, кога едно утро почувстувала силно клоцање, само неколку часа подоцна нејзиниот водењак пукнал. Лекарите рекле дека има премалку течност за да може бебето нормално да се развива. Родителите, кои веќе имаат 4 годишна ќеркичка и 2 годишно синче, ги слушнале агонизирачките вести, дека ќе го загубат нивото бебе.

Лекарите им кажале на родителите дека можат да и остават на природата да си го заврши своето и раѓањето да настапи спонтано во наредните десетина дена или да го индуцираат породувањето и се да заврши многу побрзо.

Мишел вели:


Можев да почувстувам како моето бебе мрда. Не доаѓаше во обзир да поминам низ индукција.


Таа си заминала дома во очекување да се случи спонтаниот абортус, но бременоста продолжила. Кога била во 24-та недела била примена во болница, каде останала се до породувањето.

Мајкл се родил во карлична позиција, во 26-та недела и лекарите се бореле цели 20 минути за да го одржат во живот.

Мишел вели:


Мајкл имаше оштетување на белите дробови. Беше тешко во раните денови.

Тој е чудо! Толку многу сум благодарна што го имаме нашето мало момче.

 

 

роденден

 

мајката и синот

 

среќното целосно семејство

 

Портпаролот на Универезитетската болницата во Конверти, изјавува:

Секогаш ги разгледуваме најдобрите интереси на бебето.