Вработен тинејџер во Старбакс интервенирал на жалба заради доење

Џулија со бебето

Julia Wykes, од Онтарио, со 5 месечното бебе свратила рано наутро во Старбакс со намера да си земе кафе со себе, но синчето почнало да плаче и таа седнала за да се погрижи за него и да го надои. Немало многу слободни места, па седнала блиску до касата.

Одеднаш, средовечна жена одишла напред за да се жали на вработениот заради младата мајка, со гласно изговорените зборови:

Можете ли да ја сопрете таа жена да го прави тоа во јавност? Одвратно е.

Гласниот изговор очигледно бил наменет за и Џулија да може да слушне.

Младиот човек (кој имал 18-19 г.) погледнал кон жената, која се жалела и одговорил дека ќе се погрижи за тоа.

Џулија почнала да се спрема за расправија...

На нејзино огромно изненадување, наместо да и каже да си замине, младиот човек и се приближил со насмевка на лицето и и понудил уште едно бесплатно кафе, а исто така и дал и ваучер за да добие бесплатен пијалок кога следниот пат ќе сврати повторно. И се извинил за непријатноста, а жената која се жалела набрзина си заминала.

Возбудената Џулија вели:

Прво ми се пресече здивот на реакцијата на жената на доењето во јавност. Тоа што еден млад човек беше пољубезен и подобро информиран, отколку една средовчена жена, која можеби и самата има деца, за мене беше шок.

Доењето во јавност често пати не завршува со среќен крај, но сум среќна што ова заврши така. Се надевам дека искуствата како ова ќе им покажат на жените дека доењето во јавност е нормално. Ако огладните додека ги извршувате вашите задачи ќе јадете, па зошто тогаш мислиме дека нашите бебиња треба да бидат поинакви?