Мајчинство: 18 Знаци дека сте го усовршиле

мајка и дете
  1. Можете да јадете со една рака, додека го држите бебето на вашиот колк и го смирувате плачливиот тодлер прикачен за вашата нога.
  2. Веќе не очекувате нежно милување во текот на ноќта од парнерот, туку очекувате тоа да дојде од вашето малечко кое сака да мочка во нокширот. И згора на се, мило ви е што го направило тоа пред мугри.
  3. Имате развиено поглед со X-зраци, кој ви овозможува да измерите темепратура и да дадете лек во темница, како дополнување на лоцирањето на загубени ќебиња, играчки и цуцли - додека месечината ви е единствен водич.
  4. Го вадите џемперот од минатата зима, сфаќајки дека не него има исушени гурелки или мајчино млеко (или двете), го облекувате, се смешкате со носталгија за тоа колкава промена се случува за една година.
  5. Можете да излезете со децата за помалку од час, знаејки дека со себе имате се за да преживеете не само посета на продавница за храна, туку и било која потенцијална незгода.. влажна пелена, растечено носе или ужасен напад на глад и жед (за кој знаете дека ќе се случи).
  6. На вашата масичка за кафе сега има овакви книги: Добра ноќ месечино, Патрик зајчето и неколку оригинални творби на вашето дете на предшколска возраст.
  7. Вашето кафе сега е еликсир, полн со магична моќ, кој може да ве помине низ денот, после ноќта во која сте го употребувале вашиот поглед со X зраци.
  8. Веќе ништо не ве згрозува. Ништо! Ни фекални материи по ѕидовите, повратеното во вашиот кревет или мрсули на вашите чорапи. Ги бришете, чистите и продолжувате без око да ви трепне. Веројатно тоа се случува додека го смирувате или тешите малото... или вашиот сопруг, кој заради некоја причина сеуште се грози.
  9. Побрзи сте од куршум, посилни од локомотива, способни да прескокнете преку речиси било што во еден скок, кога ќе го видите вашето малеко како паѓа по скали, од велосипед или се спрепнува од своите нозе. Повторно и повторно вашите супермоќи имаат сила да пресушат солзи, да излечат болка и некако да го убедат малечкото дека се е во ред со светот.
  10. Добродојдени се влажните бакнежи, не од сопругот, не од вашето куче, туку од малото ќелаво бебе. Чии влажни бакнежи не вклучуваат само плунка, туку и мрсули исто така. Цмок!
  11. Вашта ташна (ако сеуште ја нарекувате така) вклучува влажни марамчиња, чаши за пиење, боици, лижавчиња и долен веш.
  12. Можете да ја отворите и затворите количката за бебе само со една рака. додека со другата се осигурувате дека нејзиниот жител нема да одлута.
  13. Во аголот на вашата фиока со веш, има колекција од заби и пораки до самовилата.
  14. Имате нагон да го треснете било кој тодлер или дете од било која големина... кое ќе го направи вашето малечко да се почувстува нешто помалку од неговата прекрасна личност.
  15. Сте изговориле луди работи, како: Ако уште еднаш го извозиш тој камион преку макароните со сирење, јас ќе...
  16. Ги лакирате ноктите на вашата ќерка почесто од вашите.
  17. Совршена петочна вечер вклучува: анимиран филм, пица, кауч и неколку мали луѓе во пижама.
  18. Откако сте се изнаплакале од исцрпеност и сте рекле, никогаш повеќе! вашето бебе се претвора во тодлер и се фаќате себе си како размислувате: Можеби би можела да го направам ова повторно!

мајка и дете