7 Работи што ќе ги направам поинаку со второто дете

мајка и дете

Кога се работи за рамнотежа, лоша сум во тоа, навистина лоша. Како што ние мајките имаме обичај да правиме кога го очекуваме бебето број 2, минам низ мојот ментален список со работи што ќе ги направам поинаку сега, кога веќе имам некакво искуство. Мојот список како да се врти околу постигнување на рамнотежа. Нешто што не го научив со моето прво бебе. Еве некои работи во кои планирам да ги направам подобро овој пат:

1. Ќе го оставам бебето долу. Понекогаш. Одвреме на време. Мислев дека лулките и статичните дубаци се за лоши мајки. Но знаете што? Одвреме на време потребни ни се двете раце и целосен опсег на движење. За да се нахраниме, да се грижиме за нашите други деца, да го избришеме тоа прашливо зајаче - кое нашата хормонална личност ја доведува до солзи, бидејки зјапаме во него цела недела со заспано бебе во нашите раце. Дури и најубавите слингови и кенгури имаат ограничувања. Грижењето за другите работи, вклучувајки ја и основната хигиена е дел од програмот. А бебето нема да биде помалку задоволно или сигурно. Ако пак и биде, верувам дека моите инстикти ќе го приметат тоа. Што ме води до...

2. Ќе им верувам на моите инстикти. Имав потешкотии со ова на почетокот. Можете ли да ме обвините за тоа? Што знаев? Прво, никогаш не сум била мајка, така да тоа беше нова територија за мене. Второ, мојата мајка почина години пред да го добијам моето прво бебе, така да ја немав личноста за која ќе чувстував дека секогаш ќе ми го дадеше правилниот одговор. Се потпирав на книгите, каде секоја беше контрадикторна со следната и со инстиктот. Во ретроспектива, сфатив дека мојот инстикт беше подобар од она што ќе го најдев отпечатено. Овој пат ќе признаам дека мајчинските инстикти се тука и дека се функционални. Постои причина заради која сме опремени со нив.

3. Нема да бидам параноична за доење во јавност. Многу почесто отколку што сакам да признаам, ќе ги оставев намирниците на средина на гондолата во продавница за да истрчам во колата, или да легнам во спалната, ќе направев инспекција на градбата за да најдам скришно место за доење, или ќе влечев вишок 7 кг со шишиња, испумпано млеко или мраз, или да го терам моето плачливо бебе да чека додека се згрее шишето. И за што сето тоа? За удобност на некои претенциозни луѓе, кои според моето скромно мислење треба да олабават. Давав приоритет на удобноста на дрски непознати, за сметка на удобноста на моето бебе. Тоа не е кул. Не можам да лелекам дека доењето не е норма, ако не сум спремна да бидам дел од промената која сакам да ја видам.

4. Ќе се обидам да се сетам дека и јас сум личност, исто така. Дека не треба да се чувстувам виновна затоа што ќе ја предадам мојата родителска должност на сопругот или некој друг што се грижи за бебето, за да отидам да вежбам или да се истуширам или да отидам во вистинска продавница за да најдам алишта кои ќе ме соберат после породувањето. (наспроти онлајн пазарањето) Навистина, бебето можеби ќе плаче. И ако не сум таму, таткото или личноста која се грижи за него ќе направат се што можат за да го смират.

Исповедување: Сеуште се чувстувам виновна ако се истуширам додека моето дете е будно. Мојот сопруг би мислел дека ова е глупаво.

5. Ќе живеам во моментот. Само што се роди моето мало, почнав со ментална паника на броење на деновите кога ќе морам да се вратам на моето полновремено работно место. Колку време потрошив чувстувајки се тажна за некогаш кога ќе бидам одвоена од него, кога можев да уживам во моето време со него?

Иако ќе можам да останам дома со моите деца, да се биде присутен е исто толку важно. Понекогаш е тешко да се живее ден за ден, свесно, во нашата мулти таскинг, презафатена култура. Потребно ми да се потсетам сама себе да успорам и да уживам во секој момент, колку што можам со неколку часа спиење тука и таму.

6. Нема да се чувствуавм виновна кога нема да успеам се да завршам. Па, не успевам ни сега. Би сакала да сум суперчовек, но видете во број 4, јас сум обична личност. Па и ако нешто не е сработено, ќе биде во ред. Секогаш излегува во ред.

7. Ќе побарам помош. Добро, тоа го велам сега, но кога ќе дојде време веројатно дека нема да го наравам тоа. Оние кои ме познаваат знаат дека ако сум побарала нешто, тоа било прилично слично на ситуација на живот или смрт и требало да дотрчаат. Еј, го ставив и ова на списокот, тоа значи дека ќе се обидам. (се надевам дека нема да уплашам некого)

Можеби ќе треба одново да го посетам списоков кога бебето ќе се роди.
 

Од Courtney Sperlazza, блогерка во Attachment Parenting International.