Со обилен појадок до поголема плодност

Јадењето на големи оброци наутро, може да им помогне на жените со синдром на полицистични јајници полесно да зачнат.

Бројот на калории наутро помага да се регулира инсулинот, тестостеронот и другите хормони, кои можат да го спречат зачнувањето кај жените.

Студија откри дека нивото на глукоза и резистентност на инсулин се намалува за 8% кај оние кои го јадат нивниот најголем оброк наутро. Кај жените пак кои го јаделе најголемиот оброк навечер немало никакви промени.

Израелската студија покажала дека тестостеронот кај жените со калоричен појадок се намалил за половина, а кај оние со најобилна вечера останал ист.

Освен ова, жените во групата, на која главен оброк им бил појадокот имале многу повисока стапка на овулација, во споредба со оние на кои главен оброк им била вечерата, што значи дека обилниот појадок може да ја зголеми плодноста кај жените со ПЦОС.

ПЦОС се јавува кај отприлика 6-10% од женската популација и може да ги поремети репродуктивните способности кај жените. Кај овие жени се јавува резистенција на инсулин, се зголемува количината на машки - андрогени хормони, се јавуваат нередовни менструални циклуси, влакнавост на телото, губење на коса на главата, проблеми со плодноста и дијабетис.

Во студијата учствувале 60 жени со ПЦОС, индекс на телесна тежина помал од 23, на возраст од 25-39 години. Студијата траела 12 недели.

Жените биле поделени на 2 групи, а разликата помеѓу нив била тајмирањето на главниот оброк: едната група го јадела најобилниот оброк наутро, а другата навечер.

Водачот на израелската студија Проф. Oren Froy вели:

Испитувањето јасно покажа дека навистина дневната количина на внесени калории е важна, но тајмирањето на внесот на тие калории е уште поважно.