Лекарите предупредуваат на опасноста од непотребната употреба на ICSI ин витро метода

Проф. Lisa Jardine, предупредува дека некои клиники за ин витро непотребно користат интрацитоплазматска спермална инекција, бидејки тоа им е полесно, но последиците се како темпирана временска бомба. Лекарите се запознати дека децата кои се раѓаат со оваа метода многу почесто имаат и самите низок број на сперматозоиди, покрај поголемата стапка на вродени дефекти. Тоа во иднина може да предизвика нова експлозија на неплодност.

Кај стандардната ин витро постапка јајце клетките се ставаат во сад, заедно со сперма од партнерот за да настане оплодоување. Кај ICSI методата пак се зема еден сперматозоид и со тенка, стаклена игла се внесува во јајце клетката. ICSI методата е препорачана кај парови со тежок облик на машка неплодност, кај кои нема доволен број на нормални сперматозоиди за да се оплоди јајце клетката на првиот начин.

Потоа оплодената јајце клетка (без разлика дали се работи за традиционално ин витро или ICSI метода) се враќа во матката на жената, каде се очекува да се всади и бременоста да продолжи како и секоја друга бременост.

Коментарите на Lisa Jardine, која е шеф на одделот за хумана репродукција и ембриологија на В. Британија, се совпаѓаат со коментарите на други стручњаци кои исто предупредуват на опасностите од непотребната употреба на ICSI.

Andre Van Steirteghem, еден од пионерите на оваа метода уште во 2010 година предупреди на претераната употреба. Тој изјави:

Здравјето на децата треба да биде сметано како најважна последица од третманите на вештачка репродуктивна технологија.

Фер е да се каже дека овие деца во голбала се добро, но сепак кај нив има повеќе проблеми.


Allan Pacey, шеф на Британското здружение за плодност вели дека треба повеќе да се води сметка за тоа колку често се употребува оваа процедура:

Да користиме ICSI кога е потребно, а не како гаранција против неуспех на оплодувањето, а некои клиники имаат таков пристап.