Вести: Мајка и бебе се борат за живот откако кавгата меѓу лекарите довела до компликации

Италијанката Лаура Салпиетро (30) отишла во болница откако и пукнал водењакот. Додека лежела во агонија во родилната сала, лекарите почнале да се расправаат за тоа како да ја породат - вагинално или со царски рез. Кавгата станала жестока, за тоа време сопругот на Лаура ужаснат се обидувал да ги смири и ги молел да и помогнат на неговата жена.

Кавгата помеѓу лекарите предизвикала царскиот рез да биде направен со речиси час закаснување. Се појавиле компликации и големо крварење, последица на тоа била хистроктомија, односно одстранвање на матката на пациентката, а кај бебето 2 пати се јавил застој на срцето.

Мајката и бебето се префрлени на интезивна нега, но лекарите велат дека не може да се отфрли можноста дека бебето претрпело оштетување на мозокот, како резултат на одложувањето на породувањето.

Двајцата лекари кои ја пораѓале Лаура се суспендирани од Поликлиничката Болница во Месина.

Шокираниот татко вели:

Постоеше ризик да го загубам моето семејство затоа што медицинскиот тим реши да почне кавга во родилната сала.

Неверојатно е како двајца така наречени професионалци можат да се однесуваат на таков начин.

Сакам да знам зошто мојата жена и новородениот син сега се борат за живот. Се што знам е дека стасавме во болница и Лаура лежеше на креветот спремна да роди.

Гинекологот тогаш почна да се расправа со друг доктор за тоа дали таа треба да се породи со царски рез или природно.

Почнаа да се караат и беше неверојатно. Покасно разбрав дека веќе имале нарушени односи.

На почетокот ми рекоа дека се е во ред, но не беше. Ниту еден од нив немаше храброст да ми го каже тоа.

Сега тие се борат за живот заради овие двајца лекари. Зошто на мојата жена мораше да и биде направена хистероктомија и сега да не можеме да имаме повеќе деца?

Др. Бендето беше за царски рез, покасно го видов со крвава рака и една од сестрите ми рече дека удрил во прозорецот.
 

Гневниот министрер за здравство на Италија вели дека она што се случило е недопустливо. Двајцата суспендирани гинеколози се соочуваат со истрага.