Одложеното пресекување на папочната врвца е подобро за здравјето на бебето

Моментално препораките на Светската Здравствена Организација се папочната врвца да се пресече во рок од 1-3 минути по раѓањето. Но, научниците откриваат дека на тој начин бебето се доведува во ризик од недостаток на железо.

Претходни студии покажаа дека нивото на железо кај бебињата е подобро кога папочната врвца се пресекува подоцна. Оставањето на врвцата подолго време и овозможува на крвта да се трансферира во бебето. Во некои земји на повидок се нови препораки.

Во некои земји пак, пресекувањето се практикува веднаш по раѓањето, но на тој начин може да се намали количеството на крв што преку плацентата ќе помине од мајката до бебето.

Студиите уште покажале дека одложеното пресекување на папочната врца не претставува никаков ризик за мајката, како искрварување, губење на крв или промена на нивото на хемоглобин, а нивото на хемоглобин кај бебињата се зголемува. Се покажало дека нивото на хемоглобин кај бебињата, чии врвци не биле веднаш пресечени е повисоко ден - два после породувањето, но исто така и 3-6 месеци покасно.

Единствена негативност е што одложеното пресекување малку го зголемува ризикот од жолтица кај бебињата.
 

Др. Philippa Middleton, од Универзитетот во Аделаида вели:


Во светло на растечките докази дека одложеното пресекување на папочната врца ја зголемува раната концентрација на хемоглобин и резервите од железо кај бебињата, потребен е полиберален пристап во одложеното пресекување на врвцата.

Користа од одложеното пресекување на папочната врца треба да се извага со малку зголемениот ризик од жолтица кај бебињата.

Покасното пресекување на врцата може да биде особено корисно во околности каде анемијата е честа.


Во многу стари култури папочната врвца не се пресекува се додека самата не престане да пулсира.