Бог ми прати Ангел


Бог ми прати ангел,
имаше скршено крило.
Ја наведнав главата и се чудев
"Како можеше Бог да направи такво нешто?"

Кога Го прашав Отецот
зошто ми го прати ова дете мене,
одговорот доаѓаше,
Тој ми рече "Слушај и ќе видиш"

Моите деца сите се скапоцени,
и ниедно не е како некое друго.
Секое е за Мене посебно,
и намалото е најдоброто.

Го пратив секое едно од нив од Небото
и го ставив под грижата
на оние кои ја знаат Мојата милост,
оние со љубов што се полни.

Понекогаш повторно ги земам назад.
Понекогаш ги оставам да останат.
Без разлика што и да се случи
Јас никогаш не Сум далеку.

Затоа ако најдеш ангел
и не знаеш што да правиш,
сети се, Јас Сум со тебе,
љубовта е се што барам од тебе.


Автор: Paul Dammann