Ештон Качер отворено за родителството и одлуката да немаат дадилка

новиот татко во шоуто на Елен

Во шоуто на Елен Деџенерис, новиот татко зборува отворено за татковството, за Мила Кунис како мајка и зошто решиле да немаат дадилка.

Качер вели дека да се биде татко е многу поинаку отколку што очекувал.

Најдобриот дел од имањето бебе, Качер вели дека е тоа што ја гледа Мила Кунис како станала преркрасна мајка, тој вели:

Таа е најдобрата мајка. Јас секој ден одам на работа и кога ќе си дојдам дома таа е совршена. Изгледа како се да поминало супер. А јас знам дека нешто веројатно не било така супер, но таа никогаш не се жали, тоа е неверојатно. Таа е неверојатна.

Парот решил да не земе дадилка за ќеркичката, затоа што сакаат да изградат цврста поврзаност со неа, тој вели:

Сакаме да го познаваме нашето дете. Сакаме да бидеме луѓе, кои знаат што да направат кога бебето плаче и да го смират. Сакаме да знаеме, како на пример некогаш  ќе направи некоја мала гримаса, сакаме да бидеме во емотивен контакт со неа. Мислам дека единствен начин да го постигнеш тоа е да бидеш оној, кој е присутен таму.

Најголемо изненадување досега?

Колку многу можеш да сакаш една личност. Мислиш дека можеш да знаеш колку многу можеш да сакаш една личност и тогаш ќе добиеш дете и ќе сфатиш дека не си знаел.

Качер уште додава:

Има еден одличен цитат од Карлос Слим: Повеќето луѓе сакаат да го направат светот подобар за нивните деца, но во реалноста ни требаат подобри деца за нашиот свет. Се трудам да живеам спред тоа. Мислам дека навистина ова е најголемата шанса во мојот живот.
 

парот додека Мила беше бремена

Разни 

Познати