Мила Јововиќ во напредна бременост на долги прошетки во природа

мила, сопругот и кучињата

Мила Јововиќ се спрема да го дочека своето второ дете, но е прилично активна трудница. Забележана е на прошетка во природа со сопругот и нивните кучиња, а неколку дена подоцна сама со кучињата. Таа е облечена во комотна облека и ужива во прошетката на омилената патека.

Мила пишува на Фејсбук:



Морам да кажам дека ако не шетав по 5,5-6 милји секојдневно, мислам дека ќе бев 20 либри потешка (околу 9 кг) отколку што сум сега. (185 либри или 84 кг), што сеуште е разумно качување килажа во бременоста. После "доручекот" пред некој ден, Пол не доведе дома, а јас веќе заспивав во колата, потоа се срушив 2 часа на каучот. Кога се разбудив, едвај се влечев, но знаев дека добра прошетка беше токму тоа што му беше потребно на моето летаргично тело, после таа ужасно прекрасна храна.

 

Мила и кучето



Потоа таа додава:


Качив прилично тежина заради водата, стопалата ги чувстував како да имаа по 4,5 кг. секое и едвај ги облеков моите патики. Се чувстував како во оние соништа, каде што трчаш, но колку силно и да се обидуваш, трчаш низ песок. Уште само 3,5 недели до породувањето. Се чувстувам изнемоштено од носењето на оваа екстра тежина. Плус, прашајте ја било која трудница и ќе ви каже дека наспивањето во овој период е благо кажано предизвик!


Нека има лесно и безбедно породување!

Разни 

Познати