Домашен чоколаден сируп

Од: Твое Бебе on Четврток, 17/04/2014 - 09:52

Едноставен рецепт за домашен чоколаден сируп без дополнителни адитиви, од кој подоцна брзо ќе можете да правите чоколадно млеко.


Потребно:

  • 1   шол вода
  • 2/3 шол какао во прав
  • 1   шол шеќер
  • 1   Кафена лажичка екстракт од ванила
  • малку сол
  • по желба можете да додадете и малку цимет


Упатство:

Во тенџере со средна големина измешајте ги водата, какаото и шеќерот и варете ги на оган со средна јачина. Кога ќе зоврие смесата, можете да ја намалите температурата и да продолжите со варењето, со остојано мешање за да не загори. Варете се додека сирупот не стане малку густ, обично се потребни 5-8 минути.
Ставете го екстрактот од ванила, малку сол и оставете настрана за да се олади.


Кога сирупот ќе се олади ставете го во стаклен сад и чувајте го во фрижидер.

Кога ќе сакате да направите чоколадно млеко само додадете од сирупот во млекото, измешајте и уживајте.