Печени компири со куркума

Од: Твое Бебе on Недела, 06/04/2014 - 23:27

Еве како лесно и брзо да подготвите вкусен и едноставен прилог, а куркумата ќе ви обезбеди и бројни здравствени придобивки. Курукумата е позната како исклучително здрава храна. Заради нејзините многубројни лековити својства во Индија е позната и како Крал на билките. Повеќе за нејзините корисни својства прочитајте тука.

Потребно е:

1 кг компири
масло
куркума
црн бибер
сол

Подготовка:

Измијте ги и излупете ги компирите, па избришете ги за да се впие водата. Исечете ги на парчиња и ставете ги во сад во кој има малку масло. Промешајте добро за од сите страни да се налепат со маслото. Потоа посолете куркума и повторно промешајте за да се налепат со зачинот.

На плех за печење ставете хартија за печење и наредете ги врз неа компирите, ставете малку црн бибер и сол. По желба можете да додадете и оригано.

Компирите печете ги околу 30 минути, ќе станат крцкави и служете ги топли.