Семејството и приоритетите

Семејството и нашата одговорност

Семејството отсекогаш било и ќе остане темел и основа на нашето постоење. Одредувањето на приоритетите во нашиот живот и местото кое ќе му го дадеме на нашето семејство, ќе има огромно влијание во животот на нашите најмили - децата. Дури и ако постигнеме најголеми успеси на сите полиња во животот, а потфрлиме во семејството и одгледувањето и воспитувањето на нашите деца, нашиот успех ќе има горчлив вкус. Како ние се поставуваме во нашето семејство, ќе одлучи за тоа како нашите деца ќе се постават кон нивните семејства и со самото тоа, ние имаме огромна улога и одговорност и во наредните генерации.

 

Илустрација за важноста на семејството

 

Еден ден во паркот една мајка седна на клупа, на која веќе седеше еден татко.


-Она е мојот син, рече таа покажувајки на малото момче во црвен џемпер, кое се лизгаше на лизгалката.


-Убаво момче, одговори човекот. Она онаму во белиот фустан е мојата ќерка. Тогаш погледнувајки на саатот ја повика ќерка си: Ајде, што велиш да одиме?


-Девојчето одговори: Уште 5 минути тато, те молам?


-Таткото климна со главата и таа продолжи да го вози велосипедот на нејзино големо задоволство. Времето минуваше и таткото стана и повторно ја повика: Време е да одиме?


-Девојчето одговори: само уште 5 минути тато, само уште 5 минути.


-Таткото се насмевна и рече: Во ред.


-Тогаш жената рече: Вие секако сте многу трпелив човек.


-Човекот се насмевна со тага во очите и одговори: Нејзиниот постар брат загина во сообраќајка од пијан возач минатата година, возејки се со велосипед недалеку од овде. Никогаш не поминував многу време со него и сега би дал се, за само 5 минути да можеме да бидеме заедно. Се заколнав дека нема да ја повторам истата грешка и со неговата сестра. Таа мисли дека има уште 5 минути да го вози велосиедот, но всушност јас имам уште 5 минути за да ја гледам како си игра.


Животот се состои во одредување на приоритетите. Кои се вашите приоритети?

 

Еве уште една илустрација за семејството приоритетите

 

Еден експерт за менаџирање на времето говореше пред група на студенти по бизнис. Тогаш тој реши на направи еден експеримент, зема една голема тегла и внимателно ја наполни со големи камења. Кога веќе не можеше да собере повеќе камења во теглата тој ги праша студентите "Дали е полна теглата"? Сите одговорија "Да".

Тогаш експертот се наведна и извади еден сад со помали камчиња и го истури во теглата, го растресе и ги праша студентите "Дали е полна теглата"? Тогаш тие поучени од претходното искуство одговорија "Веројатно не".

Експертот повторно се наведна и зема сад со ситен песок и него го истури во теглата. Песокот навлезе во празниот простор помеѓу камчињата. Повторно ги праша студентите "Дали сега е полна теглата"? Сите одговорија "Не".

На крај експертот зема и еден сад со вода и него го истури во телата. Го погледна класот и праша "Што е целта на овој експеримент"? и одговори "Илустрацијата не поучува дека ако прво не ги ставиш големите камења никогаш нема да има место за нив".

Кои се големите камења во вашиот живот? Дали е тоа вашето семејство? Дали се тоа работата, телевизијата или нешто друго? Дали го трошите времето на малите неважни работи? Што е важното во вашиот живот?