Како да ја подобрите комуникацијата со вашиот партнер


Експертот за односи - Џејсон Фиерстеин, споделува 2 тајни за да им помогне на жените подобро да комуницираат со нивните партнери.

 

Две едноставни и делотворни нешта


Првата тајна која ќе им ја кажам на жените е да се обидат да не ги критикуваат мажите. Многу често слушам како мажите зборуваат дека се чувствуваат дека се критизирани и дека да не можат да победат во бракот или врската.

За мажите победата значи многу. Ние растеме на едно мало игралиште, секогаш во натпревар и со желба да победиме. Мислам дека многу мажи не ја искусуваат таа победа во нивните врски. Затоа, многу важно е жените да комуницираат со мажите така што им покажат колку ги ценат, вреднуваат, да им кажат колку добро ја извршуваат улогата на  љубовник, сопруг или татко. Мислам дека ова е една тајна од која жените ќе имаат полза во смисла на поврзување и создавање на повеќе комуникација со мажите.

Мислам дека втората подеднакво важна тајна за жените, е го кажуваат токму тоа што го сакаат, бидејки мажите и жените не можат да си ги читаат меѓусебно мислите. Јасната комуникација, свесни за тоа што го сакате, како тоа го сакате и големата концизност ќе му помогне на мажот да разбере што е тоа што го сакате од него на појасен и поконцизен начин.

Ова се двете основни работи кои жените можат да ги направат за да створат подобра комуникација со нивниот партнер.

Едноставно, а делотворно.