Како да ја вратите страста во бракот

Паровите влегуваат во брак со очекување дека нивната страст и романса ќе траат вечно. На почетокот се е возбудливо и забавно.

Сепак со текот на времето често пати влегуваме во рутината на секојдневното живеење, одење на работа, грижа за домот, готвење, чистење, грижа за децата и сите пропратни нешта.

Се навикнуваме на партнерот и нештата почуваме да ги земаме здраво за готово. Често пати партнерот веќе не е приоритет во нашиот живот и другите нешта го одвлекуваат нашето внимание.

 



 

За да се одржи една здрава врска и да се одржи пламенот во неа, потребно е да се посвети време и внимание. Вложувањето во бракот бара напор, но навистина вреди да се направи тоа.

Наместо да имаме една монотона, формална врска, многу подобро е да продолжиме да го градиме животот во неа, бидејки тоа нема да се случи само од себе.

Еве некои совети за повторно процветување на односите со парнерот:
 

  1. Поминете заедничко време во потсетување на вашиоте заеднички почетоци. Сетете се како започна вашата врска, вашиот прв бакнеж, вашето прво дете, медениот месец, местата на кои имавте навика да одите, работите кои уживавте да ги правите заедно итн. Разгледајте ги заедно старите фотографии и потсетете се на сите оние нешта кои ве натераа да сакате да го поминете животот заедно.
  2. Имајте комуникација со партнерот. Тоа не значи да бидете во иста соба додека работите нешто, гледате телевизија или седите пред компјутерот. Оставете се што работите во моментот и разговарајте за она што ве мачи или треба да се испланира. Многу важно е секојдневно да се најде време за посветена комуникација.
  3. Од време на време испланирајте ден само за вас двајцата. Оставете ги децата со бабата и дедото, оставете ги настрана сите грижи и отидете некаде или едноставно направете го тоа во што и двајцата ќе уживате. Посветете се еден на друг и дозволете да се врати возбудата.
  4. Покажувајте ги вашите чувства и внимание. Бакнете се кога се разделувате за на работа или кога потворно ќе се вратите. Малите работи можат да донесат големи промени. Кога ќе си легнете поминете неколку минути прегрнати, наместо да си го свртите грбот секој на своја страна. Тоа не мора да биде предигра, туку едноставно уживајте во прегратката и покажете си ги еден на друг взаемните чувства.
  5. Излезете на романтична вечера или пригответе ја дома. Запалете свеќи, пуштете музика... Ова иако звучи како клише, навистина може да ги подгрее страстите. Излезете од секојдневната рутина.
  6. Почитувајте го партнерот. Никогаш немојте да покажувате презир, дури и кога не се согласувате со него. Вие можете да го покажете несогласувањето со идејата, но не го оставајте почитувањето кон патнерот. Никогаш немојте да го омаловажувате, особено не во присуство на други луѓе. Взаемната почит е навистина неопходен дел од еден здрав и успешен брак.
  7. Вратете го физичкиот контакт во врската. Држете се за раце, бакнувајте се, прегрнувајте се итн. Кога физичкиот допир ќе исчезне од бракот, тоа е вистински знак дека работите се заладиле.
  8. Покажете му на партнерот дека навистина го цените она што го прави. Понекогаш нештата ги земаме здраво за готово и не сме благодарни за нив. Покажете му дека сте благодарни за тоа што го фрла ѓубрето, исчистил со правосмукалка, ги носи децата во градинка итн. Покажете му на партенрот дека го цените она што тој го внесува во вашата врска.
  9. Кажете му дека го сакате. Тоа е толку лесно, не бара никаков напор, а може да донесе толку голема промена во врската за миг. Кажувајте му дека го сакате и кажувајте му го тоа често!
  10. ПОЧНЕТЕ ДЕНЕС! Немојте да одложувате. Ако не превземете акција, нештата нема да се сменат. Само вие можете да ги превземете чекорите за градење на среќна и здрава врска.