Важноста на семејните оброци

За жал се почесто се случува заедничките семејни оброци да го отстапат местото на преполнетиот распоред со должности, прекувремената работа и обврските кои ги носи современиот живот.

Сепак, истражувањата јасно покажуваат дека заедничките семејни оброци нудат огромен број на здравствени и социјални придобивки за вас и за вашите деца.
 

Придобивки од семејните оброци за вашите деца
 

Според испитувањето спроведено од страна на Медицинскиот Факултет на Харвард - честите заеднички семејни оброци не само што ги прават децата посреќни, туку и на тој начин примаат повеќе високо хранливи состојки. Се покажало дека децата кои се хранат заедно со своите семејства, јадат повеќе овошје и зеленчук, а помалку заситени масти од децата кои јаделе сами.

Со оглед на врската со поздравите навики во исхраната, не изненадува фактот што децата кои учествувале во семејните оброци имале помала веројатност да бидат дебели. Особено била забележлива разлика кај девојчињата, кои имале 14 проценти помалку шанси да бидат дебели, отколку оние кои ги прескокнувале семејните оброци. Девојчињата кои учествувале во семејни оброци имале дури за 30% помали шанси да превземат екстремни мерки за контрола на тежината.

Студиите покажуваат дека децата од предшколска возраст чии семејства јадат заедно имаат подобри говорни вештини. Ова се случува затоа што зедничките оброци им служат како можност повеќе да го слушаат говорниот јазик и шанса да ги обработуваат разговорите на возрасните.

Кај тинејџерите имало уште поголема разлика. Оние кои јаделе со нивните семејства, имале помала веројатност дека ќе пушат, пијат, се дрогираат, да бидат депресивни, а во исто време имале поголема веројатност за успех во школувањето.

Ова, велат експертите се сведува на една едноставна работа - структура. Не само што семејсните оброци им помагаат на децата да развијат здрави навики во исхраната, туку и на нивните родители им помага да им посветат на децата неподелено внимание. Ова за возврат пак придонесува за подобра комуникација и отвореност на сите полиња.
 

 

Продобивки од семејните оброци за вас
 

Заедничките оброци имаат мноштво предности за вас:
Имате поголема контрола врз квалитетот и квантитетот на изборот на храна на вашето семејство.
Второ јадењето заедно ви овозможува да всадите здрави ставови кон храната во вашите деца. (децата имаат тенденција да ги имитираат нивните родители во врска со храната). Истражувањето покажало дека семејствата кои редовно се собираат околу трпезата имаат:
 

  • Повеќе единство
  • Поголема љубов еден за друг
  • Подобро поврзување со браќата и сестрите
  • Децата имаат посреќни погледи на животот

Ова се случува затоа што заедничките оброци даваат можност за поврзување и разговор за важните лични и семејни проблеми. Тоа им помага на малите деца да научат како да се однесуваат позитивно во рамките на групата и да го искажат своето мислење во структурирана средина.
 

Како да го соберете вашето семејство заедно
 

Се разбира дека може да се случи не сите членови на семејството со ревност ќе ги прифатат семејните оброци. Еве неколку совети:
 

 

  • Јадете седнати околу масата, а не пред телевизор.
  • Обидете се да ги направите оброците забавни така што вашите деца да не се желни да се вратат веднаш пред ТВ или компјутер.
  • Дозволете им на вашите деца да учествуваат во подготовката и изборот на храната, така тие ќе се чувствуваат вклучени.
  • Од витално значење е комуникацијата и со вашите деца за време на оброкот, а не само со вашиот партнер. Прашајте ги како си го поминале денот или разговарајте за она што нив им е важно.
  • Имајте во предвид дека заедничките оброци не се прилика да им ги кажете на вашите деца сите работи со кои ви одат на нерви. Тоа е загарантиран начин со кој ќе ги одалечите.
  • Бидете истрајни, дури и ако тоа е тешко на почеток. Навиката и разговорот со текот на времето ќе станат се полесни, а вашиот труд ќе биде награден.