10 Фрустрирачки, но многу важни работи за развојот на малите деца

дете

Малите деца се за восхит. Тие сакаат да истражуваат, да бидат немирни и буквално ќе фрлат се само за да ве гушнат. Тие се толку мили и прекрасни..., поголемиот дел од времето.

Најчесто вашиот тодлер е апсолутно прекрасен и вистинска радост да се биде околу него, а сепак има врме кога можеби се прашувате дали случајно несакајки сте се пријавиле на некаков програм за психолошки експерименти и тортура.

Ова се случува затоа што децата се одлични мајстори за да ги доведат родителите до крај на нервите. Ќе ги игнорираат сите ваши правила, ќе ги заиграат сите ваши нерви, ќе направат се што сте им рекле да не прават и ќе личи како секогаш да смислуват нешто следно. Некогаш често пати ќе се наоѓате себе си како земате длабок здив, одново и одново, додека вашето дете ја користи вашата шминка за да нацрта некакво ремек дело на ѕидот.

Можеби ќе ви биде послесно со сознанието дека многу од овие фрустрирачки работи, кои ги прават децата се всушност важни за нивниот развој, дури и кога ве доведуваат до лудило.

Еве некои здодевни, но важни работи:


Играње со храната


Оброците се забавни нели? Вие трошите толку време за да подготвите вкусен, хранлив и избалансиран оброк за вашето дете, само за да остане неизеден. Можеби изело неколку залчиња, но остатокот е по косата, алиштата, подот и вашиот нос. Добрата вест е што играњето со храна е всушност процес на учење. Вашето дете спроведува интезивни научни експерименти со текстурата, мирисот, чувството и вкусот на храната. А да, се разбира дека ќе провери и дали таа лета.

Студија покажала дека децата на кои им било дозволено да си играат со храната побрзо ги учеле нејзините имиња, иако со тоа парче храна во косата, вашето дете сеуште не ви личи на гениј. Слободата да истражува всушност може да го натера и да изеде повеќе.


Правење неред


Нередот не е омилена забава само за време на јадењето. Децата ќе бидат неуредни и по цел ден, само ако им го дозволите тоа. Повеќето тодлери не сакаат ништо повеќе од тоа да се извалкаат. Скокање во вирови, готвење со кал, цртање со водени бои со помош на прстите.. па зар тоа не се омилени игри на секое дете?

Оваквата игра е одлична за развој на моторичките вештини. Таа ги вкличува сите сетила, им овозможува на децата да манипулираат со материјалите и им помага во независното играње. Нередот е забавен и креативен.


Децата лесно се деконцентрираат


Едноставно одење по улица може да одземе 2 часа, бидејки треба да се испита секое камче и ливче. Се чини како да се шегуваат, но всушност децата се многу зафатени со осознавање на светот околу нив, учење, меморирање и чување на информациите за иднина.


Кажување НЕ!


Некогаш се чини како вашето дете да одбива се што ќе му кажете. Не сака да си ги измие забите, не сака да оди кај баба, не сака да се облече и уште еден куп други работи. Понекогаш ви се чини како цел ден да е претворен во битка. И ова е дел од процесот на созревање. Бебињата не се свесни дека се самостојни битиа од мајката. Кога таа не е со нив - како да им недостига дел од самите нив. Но тодлерите веќе се мудри и почнуваат да разбираат дека тие се засебни луѓе. Оваа нивна новооткриена вистина за себе ги тера да викаат НЕ! Тие всушност се обидуваат да превземат некаква контрола врз својот живот. Колку и да ве нервира тоа, нормално е и е важен дел од нивното созревање.


Тантруми


Тантрумите се случуваат затоа што кај децата се насобрале емоции, од кои не знаат како да се ослободат. Децата не се емотивно изградени како возрасните, па тие емоции изглегуваат во форма на интезивна бура. За никого не е добро во себе да чува тага, гнев, фрустрација и сл., па тантрумот е механизам преку кој децата се ослободуваат од тие несакани емоции. Ова сигурно нема да ви го намали срамот кога следниот пат вашето дете ќе фрли тантрум во продавница, но сепак е добро да знаете дека и тантрумите се важни.


Бескрајна енергија


Вие сакате на мир да се напиете само едно кафе, но како вашето дете да не може да престане со трчање, скокање и беснеење низ домот. Малите деца се полни со енергија и дел од таа енергија треба да се потроши на трчање, качување и скокање. Добро е дел од оваа енергија да се искористи надвор, каде децата ќе можат да се изнаиграат и истрчаат, а во исто време ќе им годи и свежиот воздух.


Залепување за вас


Некои денови кога вашето дете постојано се крие зад вас штом ќе излезете од дома или пак има денови кои ќе ги помине во вашиот скут, одбивајки да ве пушти. Ова може да биде доста фрустрирачко, не само затоа што ќе ви биде потребна пауза, туку и затоа што се грижите за она што му се случува. Сепак, не се грижете, ова е нормално однесување. Веројатно дека детето е малку нервозно во врска со нешто и вашето присуство му дава чувство на сигурност.


Прашањето: Зошто?


Прашањето Зошто навистина исрцрпува. Прашањето оди се подлабоко и продолжува и кога целиот разговор навистина изгубил смисла. Ова е навистина фрустрирачка фаза, но вашето дете само се обидува да научи нешто за светот, па обидете се да му дадете најдобар одговор на неговите прашања. Љубопитноста е одлична особина и иако сега ви се чини дека е тешко (што всушност и е), во иднина таа особина ќе биде скапоцена за него. Ако не можете да му одговорите, побарајте го заедно одговорот.


Читање на истите приказни


Вашето дете инистира да му ја читате истата приказна, одново и одново. Вам ви е здодевно, но детето го сака повторувањето бидејки знае што ќе се случи. Повторувањето е важно за развој на говорот и колку вие и да го мразите тоа - на вашето дете ќе му помогне да развие подобра комуникација.


Испитување на границите


Секое ваше правило, детето како да се обидува да го прекрши. Ви изгледа како по цел ден да ги објаснувате истите работи, повторувајки ги истите правила. Се чудите дали тоа го прави намерно. Па, да, но не за да ве нервира вас. Туркањето на границите е важен дел од детството. Границите се важни за децата и им помагаат да се чувстуваат сигурно и безбедно. Продолжете да ги поставувате ограничувањата и да ги одржите, без разлика колку пати вашето дете ќе ги прекрши.