Со храна до драматично подмладување на кожата

здрава кожа

Пред да започнеме со храната, која може многу да придонесе за да се врати еластичноста и младешкиот изгледа на кожата - да се задржиме на кратно на пушењето. Докажано е дека само после 9 месеци од престанокот на пушење се приметува драматично подобрување на кожата, која добива многу помлад изгед. Исто така и непушачите можат да приметат големи промени со отстранување на хемикалиите, изложеноста на токсини, како и промената на исхраната. Всушност потојат широк спектар на природни супстанции, кои се проучени и со научни студии е докажано дека придонесуваат за обновување на младешкиот изглед, еластичноста и здравјето на кожата, како и подобрување на вкупната здравствена состојба.

Италијанска студија, објавена во Skinmed, од 2010 г., во која тип од дерматолози, психолози и нутриционисти следеле 64 жени, во период од 9 месеци по престанокот на пушењето.

Секоја учесничка добила клиничка оценка, која мерела неколку критеруми за здравјето и изгледот на кожата. Кожата на учесничките била проучувана врз основа на присуството на линии, васкуларната и пигнментативната состојба, еластичноста, сјајот и текстурата.

Овие мерки се употребувале за да ја одредат биолошката возраст на кожата. На почетокот на студијата просечната биолошка возраст била 9 години постара од нивната хронолошка возраст. Резултатите по 9 месеци биле вчудоневидувачки: биолошката возраст на кожата на учесничките во просек била намалена по 13 години.

Ако пушењето толку драматично е одговорно за враќање на процесот на стареење, дали можете да замислите што би се случило ако ги исфрлите и другите токсини на кои сте изложени?


Бројни стуии ја имаат демонтрирано моќта на храната за подобрување на знаците на стареење, вклучувајки ги следните:


Алое: Студија од 2009 г. објавена во Annals of Dermatology, покажа дека со дневно внесување на помеѓу 1,2 и 3,6 грама алое гел, во текот на 90 дена, дошло до значително подобрување на брчките од изложеност на сонце и еластичноста на кожата кај здрави жени, над 45 г старост.

Пикогенол: Студија од 2012 г. објавена во Clinical Interventions in Aging, покажа дека дневна доза од 40 или 100 мг пикогенол (супстанција која се добива од кората на француски бор), во период од 12 седмици, ги подобрила симптомите кај брчиките од изложеност на сонце.

Чоколадо: Да добро прочитавте, ЧОКОЛАДО! Студија од 2006 г. обајвена во Journal of Nutrition, откри дека какаото со висока содржина на флаваноли обезведува фотозаштите против црвенило и ја подобрува состојбата на кожата.

Зелен чај: Студија од 2005 г. објавена во Dermatologic Surgery, откри дека комбинацијата на топичко нанесување и орално суплементирање со зелен чај резултирало во подобрување на еластичноста на кожата, после изложенста на ултравиолетува светлина.

Микс од нутритиенти: Студија од 2004 г. објавена во Dermatological Treatment, покажала дека мешавина од витамин Ц, витамин Е, каротиноиди, селен, цинк, амино киселини и гликозамингликани, екстракт од боровинки и пикогенол ги подобрило видливите значи на стареење кај жени на возраст помешу 45 и 73 години, после само 6 неделен третман.

Здравата храна е лек, не само за кожата, туку за целиот организам. Ако резултатите од внесувањето на доволно хранливи материи се гледаат врз кожата, бидете сигурни дека уште повеќе ќе се почувстуваат во телото, а ќе влијаат и врз долговечноста.

Еве само уште една мотивација за да обратите повеќе внимание на квалитетот на вашата исхрана.