Видео: Преслатко 7 неделно бебенце кажува Хелоу!

малото бебе

Преслаткиот Cillian McCann од Ирска на видеото има 7 недели и го кажува неговиот прв збор, додека неговата мајка снима. Таа вели дека забележала дека бебето веќе некое време се обидува да комуницира:

Некое време се обидуваше да зборува, но тој ден знаев дека се обидува да каже нешто.

Читав дека бебињата комуницираат од многу рана возраст и дека треба да им дадете простор да кажат нешто.

Тоа го правев тој ден и бидејки беше толку буден и воспотавуваше таков контакт со очите решив да го снимам. Бев шокирана кога тој кажа Хелоу!

На видеото може да се види како бебушот ја мрда устата и се обидува да каже нешто. После неколку обиди доаѓа неговиот прв збор.

Мајката уште вели дека е сигурна дека ако не го снимела видеото, луѓето немало да и веруваат, па дури немало да си верува ни самата себе си. Некои луѓе не верувале ниту на видеото, но повеќето биле воодушевени:

Многу луѓе рекоа дека видеото им го разубавело денот. Многу луѓе рекоа дека не можат да престанат да го гледаат. Една девојка рече дека тоа е совршен пример на љубов помеѓу мајка и дете.

Некои луѓе не веруваат дека видеото е реално, мислат дека било едитирано, но повеќето луѓе го сакаат. Навистина за мене е убаво тоа што иако има толку многу лоши работи во светот, мојот син шири радост.
 

 

Cillian има три постари сестри, кои многу ги сака. Сепак тој најмногу се обидувал да комуницира со неговиот татко.

 

бебето и сестрите

 

братчето и сестрите