Татко ја снима првата чудесна година на предвремено родениот син

Од: Твое Бебе on Петок, 22/11/2013 - 09:27

Вард Мајлс Милер е среќно 16 месечно бебенце, кое сака да го брка семејното куче. Но тој се родил 15 недели предвреме и првите 107 дена од животот ги поминал во болница, на интезивна нега на неонатален оддел. Родителите Бенџамин и Луси не знаеле дали тој воопшто ќе преживее.

Неговиот татко фотограф креирал кратко видео за првата година од неговиот живот, во кое може да се види неговиот борбен дух. Видеото е подарок за роденденот на мајката.


Видеото е видено стотици илјади пати и родители од цел свет им кажуваат на Бенџамин и Луси дека сочувстуваат и се препознаваат во нивната приказна. Започнува со првите денови, кога Луси за прв пат го зема во прегратка, додека сестрата и помага да ги тргне настрана жиците и тубите, кои се прикачени на неговото тело, а таа преплавена од емоции прснува во плач.

Таткото признава дека плачел додека снимал и дека приметил дека камерата се затресува, но не сакал да го исече тој дел затоа што видеото не е за совршените моменти.

Бенџамин кажува дека поминале низ многу тешкотии, како кога им кажале дека малиот Мајлс има крварење на двете страни од мозокот, а тоа би можело да значи можност дека можеби никогаш нема да може да оди или други лоши работи. Но крварењето престанало и тој сега е здрав.

Таткото зборува за болката додека гледале низ што минат другите родители на предвремено родени новороденчиња, за смртта на некои од нив:

Едноставно тоа ви го крши срцето. Речиси се чувстувате виновни што си заминувате од таму со вашето бебе.

Видеото продолжува и го покажува среќното бебе, кое и се смее на својата мајка и ужива во своето детство.