5 Вообичаени родителски грешки

1. Прави го тоа што ти кажувам, а не она што јас го правам


Добро е да му се каже на детето дека не може да направи нешто, но ако тоа потоа види како вие ја правите истата работа, која него му е забранета, нормално е дека ќе почне да поставува прашања. Кога ќе му ја забраните кутијата со бискви, а неколку часа подоцна ќе ве види вас како земате од нив, тоа ќе почне да се запрашува како функционираат работите. Ако ги следите вашите сопствени правила, вашите деца ќе немаат причина да се сомневаат во вашиот авторитет. Ако веќе сте фатени во некоја активност, признајте дека сте погрешиле и бидете сигурни дека нема да го повторите тоа или вашите деца ќе почнат да ве сфаќаат помалку сериозно.
 

2. Не кажување: НЕ


Проблемот со попуштање за сè, за да се избегне конфликт со децата, е што на тој начин ќе ги одгледате да бидат разгалени и себични. Тие ќе немаат концепт дека може да им биде кажано дека не можат да имаат нешто или пак не смеат да направат нешто, па кога ќе стигнат до училиште и нешто ќе им биде одбиено, тие ќе станат вознемирени, па дури и збунети зошто се третирани на овој начин. Со поставување на граници и кажувајки им НЕ кога сметате дека тоа е соодветно, вашите деца ќе почнат да сфаќаат дека понекогаш во животот ќе треба да се справат без да го направат или да го добијат во моментот, она што тие го сакаат. Тоа ќе им помогне долгорочно, а ќе им помогне и да научат да ги почитуваат и да уживаат во привилегии и даровите, кога тие се дозволени.
 

3. Обидување да му бидете пријател


Последното нешто што му е потребно на вашето дете е вашиот обид прво да му бидете пријател, а потоа родител. Децата и тинејџерите имаат потреба од авторитетна фигура во нивните животи, за да ги одржува на исправиот пат и некој за кој тие ќе чувстуваат дека можат да му се обратат и да побараат совет. Тие ќе имаат многу пријатели во текот на годините и не им е потребен уште еден во форма на нивните мајка или татко. Вашата улога и односот што го имате со вашето дете треба да бидат јасни уште од самиот почеток и тие треба да знаат дека тој однос е многу поразличен од било кој друг, особено од односот со нивите пријатели.
 

4. Имање на нереални очекувања


Секој родител треба да сфати дека нивното дете не е совршена личност, која не може да згреши. Децата ќе прават грешки, тие  нема да успеат на некој тест и можеби нема да бидат толку добри по математика, колку што вие би сакале да бидат. Тоа е дел од животот, вие треба да ги негувате и да ги поттикнете талентите, кои вашето дете ги има, наместо да се фокусирате на нереални цели, кои тоа можеби никогаш нема да може да ги достигне. Во спротивно тоа може да стави огромен притисок врз детето и може да го оштети неговото самопочитување, кога нема да успее во нешто што вие го сметате за загарантирано.
 

5. Спротивставени методи на родителство


Треба да бидете сигурни дека имате договор и разбирање со вашиот партнер, кога станува збор за воспитувањето на вашите деца. Ако едниот родител вели ДА за нешто, а другиот вели НЕ, тоа е рецепт за многу збунето дете. Двајцата родители треба да делуваат како единствена и силна единица или вашите деца ќе почнат да си подигурваат и да не ве сфаќаат сериозно. Бидете сигурни дека вие и вашиот партнер сте на иста страница за сè. Разговајте за ова уште со време, за да немате понатамошни проблеми.