Воспитувањето и ограничувањата

Пристапи во воспитувањето на детето

Постојат повеќе пристапи во воспитувањето на децата.


Едни родители се либерални и попустливи и сметаат дека треба да ги остават децата да прават што сакаат. Овие родители почесто се поставуваат во улога на пријател на детето, одколку на родител. Негативните последици од оваквото воспитување се што овие деца често пати ќе имаат проблем со секој авторитет и недостаток на самоконтрола. Тоа често доведува да имаат помал успех во школувањето и помало ниво на среќа.


Некои родители поставуваат строги правила за децата, без да ја објаснат причината за нив и очекуваат тие да ги почитуваат безрезервно, без никакви прашања. Не се многу склони да му ја простат грешката на детето, многу почесто се склони да го казнат детото за секоја непослушност. Последица на таквото воспитување се послушни деца, но со ниско самопочитување и самодоверба и помало ниво на задоволство и среќа.


Постојат и родители кои поставуваат ограничувања за децата, но им објасуваат зошто се добри тие ограничувања, зошто мораат да се почитуваат и се спремни да одговорат на прашањата на децата во врска со тие правила. Овие родители се повеќе склони кон простување и давање на подршка на детето, одколку кон физичко казнување. Нивните деца најчесто имаат поголемо ниво на среќа, успех и подобро ги развиваат своите способности.

Поставување на ограничувања за детето

 

Постојат две главни причини заради кои се поставуваат ограничувањата во животот на детето. Првата причина е за детето да биде безбедно. Втората причина за поставување на ограничувањата е развивањето на самоконтрола кај децата.

Вашето дете треба да знае дека може да потпре на вас во поставувањето на ограничувањата за безбедност и водство. Еве некои совети според кои можете да се водите кога ги поставувате ограничувањата за децата:
 

 

  • Поставете разумни правила кои ќе го развијат самопочитувањето и достоинството на вашето бебе. Никогаш немојте да му се потсмевате ако нешто не направи успешно. На пример ако некој збор не може да го изговори правилно, наместо и вие да го повторувате на истиот начин или да го исмевате, покажете му како правилно се изговара тој збор.
  • Вопоставете правила кои ќе му бидат јасни на детето. Откако ќе ги поставите правилата имајте впредвид дека ќе треба да ги повторувате се додека тоа не ги сфати. На пример ако бебето повторно ја кубе вашата коса, отако ќе му ставите до знаење дека не сакате да го прави тоа, спуштете го и кажете му дека не можете да го држите додека ја кубе вашата коса и покажете му дека нема да дозволите да го прави тоа.
  • Поставете правила кои ќе можете да ги спроведете. На пример ако шлапка во коритото со вода со кое си игра, немојте да му речете дека никогаш повторно нема да го оставите да си игра со вода. Наместо тоа, ако продолжи да ја истура водата откако сте го предупредиле, кажете му дека играта за тој ден е завршена.
  • Постојано спроведувајте ги правилата. Вашето дете мора да научи дека правилата се важни за неговата безбедност и дека не се менуваат од ден на ден. На пример ако имате правило детето секогаш да биде во седиште додека се вози, немојте да правите отстапки во зависност од тоа кој ја вози колата. Ако сте му забраниле да јаде на подот во дневната соба, бидeте конзистентни и немојте еден ден да му забранувате, а следниот да му го дозволувате тоа. Ако ги прекршувате правилата, детето ќе сака да го прави тоа уште почесто.
  • Погрижете се за безбедноста во вашиот дом. На тој начин ќе го намалите бројот на правилата кои ќе треба да ги поставите.