Молитвата на мажот

маж и жена

Еден ден мажот Му се пожалил на Бог: Боже сакам да бидам на местото на жена ми, седи дома по цел ден и ништо не работи. Те молам смени ни ги местата.

Бог решил да ја услиша молитвата на мажот. Следното утро мажот се разбудил на местото на жената. Скокнал од кревет, ги облекол децата, спремил појадок, го однел поголемиот син на училиште, а помалиот во градинка. Потоа мажот отишол да испазари, зготвил ручек, испрал, испеглал, раскренал и тамам кога си рекол дека дошло време малку да здивне се сетил дека треба да го земе постарото дете од училиште, а помалото од градинка.

Веднаш истрчал од дома, ги земал децата, им помогнал да напишат домашно... Ја спремил вечерата, вечерале, ги спремил децата за спиење. Така преморен се фрлил на креветот благодарен што има прилика да одмори. Само што заспал, жената му шепнала: А брачните должности?

Поминал цел месец, а мажот почнал сесрдно да го моли Бога: Боже врати ме на моето место, не можам повеќе.

На тоа Бог одговорил: Ах, предоцна е, веќе си во блажена состојба.