Подготовка за забременување и здрава бременост

Доколку се обидувате да забремените или размислувате за бременост и забременување, добро е да почнете да се придржувате за здрави животни навики. Постојат работи кои можете да ги направите уште пред зачнувањето, кои ќе го подобрат вашето здравје и здравјето на бебето во текот на бременоста.

Престанете со пушење

На врвот на препораките за она што е пожелно да го направите пред зачнување е престанокот со пушењето.

Пушењето се смета за главна причина на проблеми во бременоста. Околу 20% од раѓањето на бебиња со мала телесна тежина, 8% од предвремените породувања и 5% од смртност во текот на породувањето можат да се поврзат со пушењето на мајката во текот на бременоста. Престанокот на пушење пред забременувањето ги зголемува шансите за опстанок на бебето.

Испитувањата покажуваат дека понекогаш пушењето може да го отежне и зачнувањето. Пушењето директно влијае на јајниците и го намалува нивото на естроген.

Ако престанете со пушење додека се обидувате да зачнете, не само што ќе ги зголемите изгледите за раѓање на здраво бебе, туку зачнувањето може да се случи побрзо.

 

Земајте фолна киселина

Познато е дека фолната киселина може да го заштити бебето од многу сериозни дефекти. Точноста на тоа и важноста од земањето на фолна киселина се потврдува се повеќе со секое ново испитување. Постојано се откриваат нови придобивки од земањето на фолна кислена, уште пред забременувањето.

Многу жени не знаат колку е важно замањето на фолна киселина уште пред да дојде до бременост. Фолната киселина е исклучително важна уште од самиот момент на зачнувањето на детето, а многу жени не дознаваат дека се бремени пред да поминат неколку седмици од бременоста.

На пример: недостатокот од фолна кислена може да доведе до дефект на невралната цевка кај бебето, а таа се затвора во првите 28 дена од зачнувањето.Затоа од голема важност е да почнете да ја земате уште пред да забремените.

Дозата која се препорачува за жени кои се обидуваат да забременат или за бремени жени е 400 микрограми девно. Тоа е минималната доза која треба да се прима за здрава бременост.

 

Внимавајте на морската храна

Морската храна, осбено туна, ајкула, сабјарка и други големи морски риби често пати содржат големи концентрации на олово. Оловото пак како тежок метал, се таложи во организмот и може да доведе до дефекти кај бебето. Затоа ако се обидувате да забремените се препорачува да почнете да внимавате на тоа да не внесувате многу морска риба, односно се препорачува да го ограничите нејзиното внесување, исто како што би го направиле тоа кога веќе би биле бремени.

Направете лекарски преглед

Сексуално преносливите болести можат да причинат голема штета на плодот, на пример Хламидијата. Затоа е препорачливо да направите брисови за вообичаените сексуално преносливи болести уште кога ќе решите да забремените. Тоа ќе ви овозможи доколку има некоја бактерија, да бидете излекувани пред да забремените.

Ако имате преголема телесна тежина, препорачливо е пред да забремените да ја доведето во нормални граници.

Ако имате покачено ниво на шеќер во крвта или висок крвен притисок, не ги оставајте нелекувани.

Доколку примате лекарства заради некои хронични заболувања (мигрена, висок крвен притискок, дијабетес, депресија, хронична болка и т.н.) разговарајте со лекарот. Некои лекарства се безбедни во текот на бременоста, но некои не се. Во случај да примате лекарства кои се штетни, кога ќе решите да забремените, лекарот ќе може да ви ги замени со такви кои нема да и наштетат на бременоста.

Ако се погрижите да ја подобрите вашата општа здравствена состојба пред да забремените, ќе имате поздрава бременост. Тоа е добро не само за вас, туку и за вашето бебе.