'Безбедни' дози на Бисфенол А влијаат врз плодноста на три генерации

Бисфенол во амбалажа

Бисфенол А (BPA) во мали дози кои се сметаат дека се безбедни за луѓето, предизвикал значителни репродуктивни проблеми кај три генереации на глувци, вклучувајки намалување на плодноста, сексуалната зрелост и успех на бременостите.

Ова се заклучоците на студија објавена во Toxicology and Applied Pharmacology.

Бисфенол А се наоѓа во поликарбонатната пластика, која се користи како пакување на храна и пијалок, во водоводните цевки, шишиња за бебиња, играчки итн. Кога се откри шететноста на бисфенолот А многу произведувачи се пренасочија на производи кои не го содржат, меѓутоа подоцна се покажа дека истите имаат други бисфеноли, кои не се ништо помалку штетни.

BPA е едокрин пореметувач, што значи дека го нарушува нормалното сигнализирање на хормоните во телото. Претходни студии покажаа дека негативно влијае врз плодноста, но овој пат е докажано дека дејството трае во три последователни генерации.

Професорката по Компаративни биолошки науки, Jodi Flaws и водач на студијата вели:


Нашата студија следеше претходни студии, кои покажаа дека БПА може да влијае врз развојот на јајниците и да ја намали плодноста кај потомството на бремените глувци. Откривме дека изложувањето на помала доза од она што се смета за безедно предизвикува репродуктивни проблеми.


Многу од глувците кои биле изложени на ниските дози на БПА имале намалена плодност и потешкотии да ја износат бременоста до крај. Првата генерација од потомството доживеала абнормални еструсни циклуси и помалку се впуштала во типичните ритуали на парење - во споредба со глувците кои не биле изложени на БПА во стомакот на мајката.

Третата генерација, која не била изложена директно на БПА ниту како фетус, ниту како јајце клетка во фетус во стомакот на мајката, доживеала подоцно сексуално созревање, намалена плодност и помала стапка на успешна бременост. Во оваа генерација со најниската доза на изложеност на БПА (која ја примиле нивните пра баби), имала најголеми пречки во плодноста.

Jodi Flaws вели:


Во токсикологијата многу често луѓето мислат дека поголемата доза е полоша. Но кај ендокрините нарушувачи и ниската доза може да предизвика најизразени проблеми.