Децата во областите каде се одлгедуваат ГМО посеви имаат значително зголемено генетско оштетување

гмо посеви

Децата кои биле изложени на пестицидите со кои се прскаат ГМО посевите (генетички модифициарни организми) од соја, во региони во Аргентина, имале значително генетско оштетување или генетска токсичност.

Ова се добиени резултати од истражувањето на тим од научници од Националниот Универзитет во Рио Кварто (Кордоба).

Студијата споредила 50 деца од градот Marcos Juares - кои живееле на различни растојанија од полињата кои биле прскани со пестицидите за ГМО посеви, со 25 деца од оддалечен регион - од градот Rio Cuarto, за кои се сметало дека не биле изложени на истите пестициди.

Генетското оштетување кај изложените деца било 44% поголемо. Најчесто употребувани пестициди биле: Глифосат, Циперметрин и Хлорпирифос.

40% од изложените деца имале упорни симптоми, како повторувачко кивање, респираторни потешкотии, кашлање, бронхоспазам, чешање на кожата или дамки, чешање на носот или крварење, солзење, печење и чешање на очите. Ниту едно од неизложените деца немало овакви упорни симптоми.

Водачот на студијата,  Delia Aiassa, вели дека за испитување ги одбрала децата бидејки тие сеуште се во развој и генетското оштетување на оваа возраст може да влијае врз нивното здравје како возрасни личности. Таа објаснува:


Помеѓу несаканите ефекти кои можат да се проучат кај децата, кои се изложени на различни опасни материи во околината, цитогенетското оштетување (оштетувањето на структурата и функцијата на клетките, особено на хромозомите) доби посебно внимание откако се покажа дека зголеменото оштетување на ДНК на хромозомите во детството може да го предвиди развојот на рак кога тие ќе бидат возрасни.


Таа уште објаснува дека ефектите можат да се појават многу години подоцна, дури и откако ќе поминат декади од изложувањето, и тие можат да се следат преку цитогенетски студии.

Од студијата биле исклучени децата чии родители или роднини пушеле, пиеле претерано кафе или чај, употребувале медикаменти за хронични болести, биле изложени на X зраци во последните 6 месеци или биле изложени на контаминанти во водата за пиење или живееле во близина на други загадувачи, бидејки овие би се сметале како допринесувачки фактори.

Истражувачите заклучуваат:


Доказот за ефектите од изложеноста на околината на млада возраст е толку силен што е потребно да се превземат сите возможни напори за да се елиминира изложеноста на трудниците и децата, за да се заштити нивното сегашно и идно здравје.