Нечистотијата е добра за децата?

Во природата на децата е допрат се што се наоѓа во нивната околина. Едногодишно дете воопшто нема да се двоуми да ја стави во уста коската што ја глодало семејното куче.

Епидемијата од грип и сличните инфективни болести, заедно со кампањите за миење на рацете и употребата на дезинфекциони средства (како да се работи за течно злато) лесно ја зголемуваат загриженоста на родителите за нивните деца.

Навистина, заразните болести се реална причина за загриженост, но како современата култура да отиде предалеку кога се работи за заштита на децата од микро организми.

Има се повеќе докази дека изложувањето на децата на микро организми им нуди заштита од болести како алергии и астма покасно во животот.

Според така наречената хипотеза на хигиена, кога на децата им е оневозможено изложувањето на паразити, бактерии и вируси рано во животот тие се соочуваат со поголем ризик од алергии, астма и други автоимуни заболуавња кога ќе бидат возрасни.

Всушност децата кои имаат браќа или сестри и биле израснати на фарма или пак оделе во градинка имаат помал процент на алергии.

Како што на мозокот на бебето му е потребна стимулација, инпут и интеракција за да се развива нормално, исто така и на имунолошкиот систем му е потребна секојдневна изложеност на микро организми за да може да учи, да се адаптира и регулира самиот себе - вели Проф. Thom McDade, директор на лабораторијата за Истражување на човечката биологија во Northwestern University.

Сеуште не е потврдено кои микро организми се оние што се корисни. Но истражувањата веќе даваат насоки.

Повеќето од микро организмите кои живеат во нашата околина и на нашите тела се безопасни. Тие биле со нас со милениуми - вели Проф. Martin Blaser, професор по интерна медицина на Универзитетот на Њујорк. Како што во последниот половина век се променија многу човечки однесувања, така и некои микро организми, како некои од оние кои живеат во цревата исчезнуваат.

Тие имаат важна физиолошка функција, а нивниото исчезнување има свои последици, некои добри, а некои лоши.

Со претераната хигиена на околината на децата, наместо да ги заштитиме од болести, ние ги лишуваме од можноста да изградат силен имунолошки систем.

Сепак постои опасност да се отиде предалеку во обата правца. Па што да направат родителите?

Како и со повеќето работи во животот, одружувањето на здравјето на децата е прашање на пронаоѓање на рамнотежа.

Blaser предупредува и на тоа дека родителите и лекарите треба да размислат и за прекумерната употреба на антибиотици. Нивната претерана употреба ја ослабува способноста на имунолошкиот систем да се бори против инфекциите.