Симптоми на недостаток од цинк и ТОП 10 храни богати со цинк

леблебија - богата со цинк

Цинкот кој се наоѓа во храната е есенцијален микро елемент, кој игра улога во преку 100 ензиматски рекакции во телото. Цинкот штити од оксидативниот стрес, помага во заздравување на раните, во синтезата на ДНК, формирањето на хемоголобинот и уште многу други процеси.


Симтоми на недостаток на цинк


Следниве симтоми можат да укажуваат на недостаток на цинк во организмот:

  • Чести настинки и слаб имунитет
  • Пропусливи црева
  • Чест пролив
  • Слаб вид
  • Неплодност
  • Истенчена коса
  • Забавен раст кај децата, нарушена моторика и недостаток на внимание
  • Бавно зараснување на раните
  • Алергии
  • Акни и осипи


Категории на луѓе со најголем ризик за недостаток на цинк

 

  • Вегетеријанци и вегани
  • Трудници
  • Атлети од кои се бара голема издржливост
  • Алкохоличари
  • Луѓе со гастроинтестинални проблеми
  • Луѓе што претеруваат со земање на суплементи со железо
  • Луѓе кои земаат диуретици



Се препорачува дневен внес од 15 мг цинк. (дневен внес - ДВ)


ТОП 10 храни богати со цинк


1) Домашно говедско месо
85 грама: 4.9 мг (33% ДВ)

2) Кефир или јогурт
1 шол: 2.2 мг (15% ДВ)

3) Јагнешко
115 гр: 4.6 мг (30% ДВ)

4) Леблебија
1 шол: 6.86 мг (46% ДВ)

5) Семки од тиква
¼ шол: 2.5 мг (17% ДВ)

6) Индиски ореви
30 гр: 1.6 мг (10% ДВ)

7) Какао во прав
1 Супена лажица: 0.3 мг (2% ДВ)

8) Пилешко
85 гр: 2.25 мг (15% ДВ)

9) Печурки
1 шол: 1.4 мг (9% ДВ)

10) Спанаќ
1 шол: 1.4 мг (9% ДВ)

 


Здравствени бенефити на цинкот


За здравје на очите


Цинкот е неопходен за витаминот А да се трансформира во активна форма, за да може да функционира нашиот вид. Адекватниот внес на храна богата со цинк може да помогне да се подобри ноќниот вид. Луѓето кои земаат суплементи со цинк имаат 80% помал ризик да развијат макуларна старосна дегенерација - која е водечка причина за слепило.


За подобрување на имунитетот и борба со настинки


На телото му е потребен цинк за да ги активира Т клетките, кои имаат критична важност за функционирање на имунолошкиот систем. Улогата која ја ира цинкот во репликацијата на ДНК исто така му помага на имунолошкиот систем да произведе нови клетки кога тоа ќе биде потребно. Луѓето кои имаат недостаток на цинк се поподложни на разни заболувања.


Против акни и за зацелување на раните


Цинкот игра голема улога во здравјето на кожата. Луѓето кои имаат рани кои активно заздравуваат, имаат тенденција да имаат ниски нивоа на цинк и затоа им е потребна суплементација. Ако имате некоја рана, изгореница, пресеченица и сл. земајте храна богата со цинк за побрзо заздравување. Ова се однесува и на акните.


Цинк за машкото репродуктивно здравје


Зголемен недостаток на цинк може да ја влоши подвижноста и бројот на сперматозоидите. Во една студија мажи земале само 10% од препорачаната дневна доза на цинк, во текот на еден месец. Им бил измерен квалитетот на спермата на почетокот на студијата и потоа откако јаделе храна сиромашна со цинк. Се покажало дека дури и краткотраен период на тежок недостаток на цинк може да го намали квантитетот и квалитетот на спермата.

Исто така цинкот игра улога во здравјето на простатата, дури може да помогне и за превенција на рак на простата.