Уникатните својства на кефирот и неговата лековитост

кефир

Кефирот е еден од најбогатите производи со пробиотици, на целата земјина топка. Неговите лековити својства имаат толку широк спектар, што неговата употреба треба да биде дел од исхраната на секое семејство.

Името на кефирот доаѓа од турскиот збор "кефир", што значи да се чувстувате добро. Заради неговата лековитост и хранливост, но и заради пријатниот вкус, кефирот се користел со илјадници години.


Способност на кефирот да го подобри здравјето:


Кефирот е богат со витамин Б12, калциум, магнезиум, витамин К2, ботин, фолати, ензими и пробиотоци. Нутритивната содржина на кефирот не е стандардизирана, таа зависи од млекото кое се користи (кравјо, овчко или козјо) и регионот во кој е произведено. Сепак кефирот има супериорна хранливост.

Лековити својства на кефирот:

Кефирот може да го подобри здравјето на повеќе начини, еве само неколку од нив:

  1. Го зајакнува имунитетот
  2. Помага кај инфламаторна болест на цревата, како и синдром на нервозни црева
  3. Ги зацврстува коските
  4. Добар е во борба со алергии
  5. Ја подобрува дигестијата на лактоза
  6. Ја уништува кандидата
  7. Ја помага детоксификацијата на организмот


Кефирот е исклучително богат со пробиотици и има повеќе корисни видови (добри бактерии, за чија важност науката добива се повеќе и повеќе нови информации). Еве само дел од бактериските видови, кои најчесто се среќаваат при ферментација на кефирот:

  •     Bifidobacterum sp.
  •     Lactobacillus acidophilus
  •     Lactobacillus caucasus
  •     Lactobacillus bulgaricus
  •     Lactobacillus rhamnosus
  •     Acetobacter species
  •     Leuconostoc


Пробиотиците се исклучително важни и неопходни за здравјето на човекот. Колониите на бактерии, кои ги имаме во цревата - микробиомот, се заслужни за 75% од нашиот имунолошки систем. Ние во стомакот имаме трилиони и трилиони од овие "добри" бактерии, чија работа помеѓу другото е и да се борат со лошите бактерии и габи и инфекциите. Користењето на антибиотици ги намалува не само патогените бактерии, туку и добрите бактерии - чувари на нашето здравје. Тоа ја нарушува рамнотежата на симбиозата и доведува до проблеми со стомакот и имунолошкиот систем. Затоа е повеќе од потребно во исхраната да внесувате што е можно повеќе ферментирана храна, која содржи пробиотици - а кефирот е една од нив.

Студии го поврзуваат недостатокот од добри бактерии со болест на пропусливи црева, нарушена дигестија, алергии итн. Ние дури и не можеме да асимилираме добар дел од хранливите материи, кои ги внесуваме без помош на добрите бактерии.


Како се прави домашен кефир?


Кефирот се подготвува многу лесно и едноставно. Потребно е да набавите "кефирни зрна", кои всушност се симбиозна заедница од бактерии и квасци. Кефирните зрна се ставаат во тегла со млеко, се покриваат со парче газа и отприлика за 24 часа (зависно од количината на зрна, млеко и од температурата на собата) млекото е ферментирано. Течноста се процедува низ пластична цедалка и веќе го имате вашиот готов ферментиран производ. Зрната повторно се враќаат во тегла. Теглата се полни со свежо млеко и процесот се повторува. Следниот ден ќе имате нова тура на ферментиран пијалок, односно кефир.


Доказот за лековитоста на кефирот е во медицинските студии

 

  1. Се бори со ракот. Студија објавена во The Journal of Dairy Science, покажала дека редовна консумација на кефир кај глувците го стопирала растот на рак на дојка. Други животински студии исто така имаат покажано дека ферментираната храна убивала повеќе типови канцерозни тумори.
  2. Ја подржува детоксификацијата. Мутагените - различни агенти, кои буквално можат да ја променат нашата ДНК се наоѓаат насекаде во нашата околина. На пример алфатоксините, кои се создаваат од мувлата и можат да се најдат во многу производи, како кикирики, соја, пченка, житарици, масла итн. Кефирот заради богатството со млечно-киселински бактерии буквално ги врзува овие алфатоксини и други мувли, со што не штити од нив.
  3. Го подобрува имунитетот. Студија на Универзитот Корк, во Ирска, ја споредувала ефикасноста на антибиотиците и Lactobacillus пробиотиците во заштита од 3 различни болести. Резултатите покажале дека пробиотиците им давале значителна заштита на животните против сите 3 испитувани инфекции. Не само тоа, туку пробиотоците делувале исто толку добро или подобро од антибиотската терапија, не само во елиминањет на инфекцијта, туку и во отстранување на симптомите.
  4. Ги зацврстува коските. Студија од 2014, објавена во Osteoporosis International, покажала дека консумирањето на кефир е добро за густината на коските и може да го намали ризикот од остеопороза. Истражувачите откриле дека кефирот предизвикува зголемена апсорбција на минералите калциум и магнезиум. Пробиотиците во кефирот ја подобруваат апсорпцијата на хранливите материи, а самиот содржи калциум, магнезиум, витамин Д, витамин К итн.
  5. Лекува синдром на нервозни црева или воспалителна болест на цревата. Високите дози на пробиотици во кефирот, вклучувајки ги lactobacillus и bifidobacterium се ефикасен третман за синдром на нервозни црева и воспалителна болест на цревата. Студија објавена во Canadian medical journal открила дека храната, која е богата со пробиотици, вклучувајки го кефирот и јогуртот може да помогне за лечење на овие болести и да го намали воспалението.
  6. Алергии и астма. Неодмамнешна студија, објавена во Journal of Immunology, открила дека кефирот има позитивни ефекти кај алергиите и астмата. Кефирот покажал значителна содржина на маркери, кои ја потиснуваат инфламацијата. (интерлеукин 4, Т клетки помошнички и IgE имуногобулини). Научниците во студијата заклучуваат дека кефирот има силни анти воспалителни својства и дека може да се користи како превенција на астма.
  7. Ја подобрува нетолеранцијата кон лактоза. Звучи неверојатно, но студија објавена во Journal of the American Dietetic Association, покажала дека ферментираните млечни производи, како кефирот можат да им помогнат на луѓе со нетолеранција на лактоза. Како резултат на процесот на ферментација и хемиските промени кои настануваат во него, количеството на лактоза во кефирот е многу пониско отколку во млекото и тој ја содржи во релативно ниско количество. Ако имате проблем со нетолеранција кон лактоза, обидете се да го внесете кефирот во исхраната, така што ќе почнете со помало количество (неколку капки на почеток), бидејки извесен процент на луѓе можат да имаат проблем дури и со мали колични на лактоза.