Бебе

Што би кажале бебињата кога би можеле да зборуваат?

среќно бебе

Бебињата не можат да зборуваат иако се трудат да комуницираат со сета сила вцрвувајки се од вриштењe. Не секогаш нивните напори да ги разбереме вродуваат со плод, понекогаш е тешко.

Зошто мајките ги бакнуваат бебињата

Зад мајчиниот бакнеж стои и здравје, не само љубов

Кога ќе се роди бебето најприродна работа е да се види како мајката го бакнува. Човек би си помислил и би бил во право дека тоа е заради емотивната врска која е формирана меѓу мајката и бебето. Но зад бакнувањето стои и многу важна биохемиска причина.

Вработен тинејџер во Старбакс интервенирал на жалба заради доење

Џулија со бебето

Julia Wykes, од Онтарио, со 5 месечното бебе свратила рано наутро во Старбакс со намера да си земе кафе со себе, но синчето почнало да плаче и таа седнала за да се погрижи за него и да го надои.

Дали навистина бебињата се раѓаат со способност за пливање?

бебиња и пливање

Интересно прашање, одговорот е Да, бебињата се раѓаат со природна способност за пливање, но потребна им е вашата помош. Природната способност за пливање кај бебињата се состои од рефлекси кога се наоѓаат во вода.

Како да смирите плачливо бебе

плачливо бебе

Постојат разни методи, кои се ефикасни за смирување на плачливи бебиња, но треба да открите што е тоа што го смирува вашето бебе. Еве неколку добри совети како да го смирите бебето кога плаче:

Прашања за хранење на новороденчe

новороденче

Колку треба да јаде едно новороденче, на колку време, како да знаете дали му е доволно, колку да го чувате шишето со млеко и итн. се прашања што ја интересираат секоја нова мајка.

Како да спречите опасност од задушување кај бебиња и мали деца

Децата имаат тенденција да истражуваат со тоа што предметите ги ставаат во уста, но исто така опасноста од задушување се јавува и заради тоа што тие сеуште не знаат добро да ја соџвакаат и да ја голтнат храната, како и тоа што имаат тесни дишни патишта - кои лесно можат да се блокираат, а воедно не можат силно да искашлаат за да го исфрлат страното тело.

Мразев фотографии со доење

Порано го мразев доењео, го мразев. Не за другите мајки, туку за мене. Моите две први деца, кои сега имаат 11 и 13 години беа хранети со адаптирано млеко и не чувстувам вина или срам заради тоа, ниту треба да ги чувстуваат другите мајки.

Сечење нокти на бебе

Сечењето на нокитете на бебињата често пати е многу стресна ситуација за родителите дури и кога не го прават тоа за прв пат и најчесто тие би му ја препуштиле на некој друг. Меѓутоа, во исто време сечењето на ноките е неопходно.

Промените на мозокот во бременоста и овозможуваат на мајката полесно поврзување со бебето

Познато е дека кај трудниците освен физички промени, исто така се јавуваат и психолошки промени. Стануваат поемотивни и малку позаборавни од вообичано. Научниците тврдат дека тоа се случува со цел, односно мозокот на мајката се подготвува за поврзување со бебето.

Pages