Бебињата кои ги слушаат караниците на своите родители се почувствителни на стрес

Американски истражувачи открија дека мозокот на бебињата реагира на лутиот тон на гласот, дури и кога тие спијат.

Бебињата имаат многу податлив мозок, што им дозволува да се развијат во соглсаснот со нивната животна средина и искуства.

Но, оваа нивна податливост, исто така ги остава ранливи zа развојни проблеми, доколку доживеале екстремен стрес, како што е запоставување или злоупотреба.

Истражувачите од Универзитетот во Орегон користеле скенери со магнетна резонанца, за да го проучат мозокот на 20 бебиња, додека тие спиеле.

Додека спиеле, бебињата биле изложени на звук на реченици, во кои се зборувало со: многу лут тон, благо лут тон, среќен тон и со неутрални тонови.

Алиса Греам, докторант, која била дел од студијата, вели:
 
 

Дури и за време на спиењето, бебињата покажуваат различни модели на мозочната активност во зависност од емоционалниот тон на гласот, кој го презентиравме.

Не интересираше дали вообичаениот извор на ран стрес во животот на децата - конфликт помеѓу родителите - е поврзан со начинот на кој функционира мозокот кај бебињата.



Истражувачите откриле дека бебињата, кои доаѓале од високо конфликтни домови покажале поголема реактивност на многу лутиот тон на глас, во мозочните области поврзани со стресот и регулирање на емоциите.
 

Мозокот на бебињата е ранлив на екстремен стрес



Претходни истражувања со животни, покажаа дека овие области на мозокот играат важна улога во влијанието на стресот врз раниот развој. Резултатите од оваа нова студија сугерираат дека истото може да важи и за бебињата.

Според истражувачите, резултатите покажуваат дека бебињата не се несвесни за родителските конфликти, како и тоа дека изложеноста на нив може да влијае на начинот на кој мозокот на бебињата ги обработува емоциите и стресот.

Ова истражување доаѓа по една друга студија, која покажа дека бебињата исто така можат да бидат погодени од изложувањето на стрес, уште додека се во матката.

Истражувачите на Пенсилванискиот Универзитет, во Училиштето за ветеринарна медицина, покажаа дека бремените жени можат да ги пренесат штетните ефекти на стресот, врз нивното неродено дете преку плацентата.

Влијанието се пренесува од страна на протеин, кој различно влијае врз развојот на мозокот кај момчињата и девојчињата.

Научниците веруваат дека со ова би можело да се објаснат познатите врски помеѓу стресот кај мајката и болести како што се аутизам и шизофренија, кои се почести и посериозни кај машката популација.