Употребата на благи аналгетици во бременоста го зголемува ризикот за репродуктивни проблеми кај машките бебиња

Нова студија покажа дека употребата на благи лекарства против болка како парацетамол, аспирин и ибупрофен можат да бидат причина за покасно нарушување на плодноста кај машките бебиња.

Истражувачите откриле дека земањето на два лека против болка во исто време (на пример парацетамол и ибупрофен) може 7 кратно да ги зголеми шансите за ризик од крипторхидизам (неспуштени тестиси) кај машките бебиња, во споредба со жените кои не земале такви лекарства.

Особено чувствителен период е второто тромесечие од бременоста. Земањето на било каков аналгетик во тој период барем двојно ги зголемува шансите за крипторхидизам. Аспиринот и ибупрофенот се покажало дека носат 4 кратен ризик, а парацетамолот давал двократен ризик. Истовременото земање на 2 аналгетици во второто тромесечие, се покажало дека носи дури 16 пати поголем ризик.

bremenost

Внимателно со земањето на лекови против болка во бременоста




Резултатите од испитувањето го подржуваат трудот на Др. Ulla Hass од Техничкиот Универзитет во Данска и Др. Bernard Jégou од Франција. Тие во студија извршена над глувци, откриле дека аналгетиците го нарушуваат производството на андрогените хормони, што предизвикува недостаток од машкиот хормон тестостерон за време на критичниот период на бременоста кога се развиваат половите органи. Слично влијание покажале и другите нарушувачи на хормоните, како фталатите кои се употребуваат за производство на пластика, како ПВЦ и сл.

Др. Bernard Jégou - водач на студијата вели: Ако изложеноста на ендокрините нарушувачи е механизмот кој стои зад се поголемите репродуктивни проблеми кај младите луѓе во западниот свет, оваа студија покажа дека особено внимание треба да се укаже на употребата на благите аналгетици во бременоста. Затоа што ова може да биде голема причина за проблемите.
 
Во испитувањето учествувале 734 жени од Данска и 1463 жени од Финска. Резлутатите покажале и дека многу од жените благите аналгетици не ги ни сметале за лекарства.

Др. Jégou вели механизмот преку кој аналгетиците делуваат врз намалување на тестостеронот сеуште не е добро проучен и сеуште не може да се каже со сигурност дали намалувањето на простагландините доведува до намалување на произвостството на тестостерон или се работи за друг начин на делување.

Во последните декади е заблежено зголемување на застапеноста на вродениот крипторхидизам. Во Данска во 1959-1961 г. крипторхидизмот бил застапен кај 1,8%, а во во 1997-2001 г. со 8,5%. Се работи за премногу голема разлика, за тоа да може да се прикаже како случајно флуктуирање. Резултатите се во согласност со намалувањето на машкото репродуктивно здравје во последните 5 декади.

Др. Leffers вели: Иако треба да внимаваме да не ја пренагласиме важноста на резултатите, сепак употребата на благи аналгетици во бременоста придонесува за најголемото изложување на ендокрини нарушувачи.

Една таблетка парацетамол дава поголемо ендокрино нарушување отколку десетте најзасапени нарушувачи засега познати, заедно.

Истражувачите велат дека е потребно итно да се направат повеќе студии, особено еидемиолошки.

На бремените жени пак им советуваат да се обидат да ја намалат употребата на аналгетици во бременоста и да не го прават тоа без консултација со нивниот лекар.