Чувањето на милениче во домот може да ги заштити децата од астма

Истражувачите открија дека прашината од домовите со кучиња нуди заштита против респираторен вирус, кој е поврзан со појавата на астма кај децата.

Респираторниот синцицијален вирус (RSV) е чест кај доенчињата, но колку се потешки симптомите толку е поголема веројатноста дека ќе се развие во астма.

Во неодамнешна студија, Kei Fujimura, од Универзитетот во Калифорнија, откри дека прашината во еден дом со мачка или куче е различна од прашината во домовите без миленичиња.

Тој потоа ги изложил глувците од првата група на прашина од домови со кучиња, и ги инфицирал со синцијалнен вирус (RSV). Втората група била инфицирана со вирусот без да биде изложена на прашина, а имало и трета контролна група.

Д-р Fujimura вели:
 


Откривме дека хранењето на глувците со куќна прашина од домовите кои имаат кучиња им обезбеди заштита од RSV.
 


RSV инфекцијата е честа кај доенчињата и може да се манифестира како благи, па се до тешки респираторни симптоми.

Тешка инфекција во детството е поврзана со повисок ризик за развој на астма кај детето.



"Глувците кои беа хранети со прашина не покажуаа симптоми кои се поврзани со инфекција со RSV, како што се воспаление и слуз во дишните патишта.

"Тие, исто така, поседуваа посебен гастроинтестинален бактериски состав, во однос со животните кои не беа хранети со прав."


 

Чувањето на куче во домот може да им даде на децата заштита од астма

 


Чувањето на домашни миленици, особено кучиња и претходно беше поврзувано со заштита од астма детството
 


Д-р Fujimura вели:
 


Ова не доведе до претпоставка дека микро организмите кои ја придружуваат куќната прашина каде што живее куче, можат да го колонизираат гастроинтестиналниот тракт, модулираат имунилошкиот одговор и да го заштитат домаќинот од астматичниот патоген RSV.
 


Оваа студија претставува прв чекор кон утврдување на идентитетот на микробиолошките видови кои даваат можност за заштита од овој респираторен патоген.

Идентификувањето на механизмите на оваа заштита може да доведе до изнаоѓање на нови третмани против RSV, а со тоа и на астмата - додава Д-р Fujimura.